Шест најлоши родителски совети со најдобри намери

Важно е да се поттикнат природните инстинкти на децата да се грижат за чувствата на другите луѓе и да се стават себеси на местото на другите. Вистина е дека светот е суров. Но, не мора да биде ако децата се учат на емпатија, отвореност, храброст и ако се престане да се кажува колку е важно да се биде најдобар, најуспешен, најубав или најпаметен.

0
198

Родителите сакаат нивните деца да бидат успешни во животот, па затоа ги учат на ставови за кои веруваат дека ќе им помогнат да ги постигнат своите цели.

Меѓутоа, многу широко распространети теории за тоа што е потребно за успех,  се покажале како контрапродуктивни: тие можат да дадат резултати на краток рок, но на крајот доведуваат до исцрпеност и неуспех.

Откријте за што станува збор!

Ние им порачуваме на нашите деца: Фокусирајте се на иднината, остварете ја целта А треба да кажеме: Живејте или работете во моментот.

Тешко е да се остане цврсто фокусиран. Истражувањата покажуваат дека човечкиот ум талка 50 проценти од времето кога сме будни. И кога мислите талкаат, можеме да почнеме да размислуваме за минатото или да се грижиме за иднината – што доведува до негативни емоции како што се лутина, жалење и стрес.

Умот кој постојано се обидува да се насочи кон иднината – од добивање добри оценки до пријава за факултет – ќе биде склон кон поголема анксиозност и страв.

Децата подобро се снаоѓаат и се чувствуваат посреќни ако научат како да останат во сегашниот момент. И, кога луѓето се чувствуваат среќни, тие можат да учат побрзо, да размислуваат покреативно и да ги решаваат проблемите полесно.

Позитивните емоции ги прават луѓето поотпорни на стрес, помагајќи им побрзо да ги надминат предизвиците и неуспесите за да се вратат што е можно поуспешно на зацртаниот пат.

Сигурно е дека децата имаат цели на кои треба да работат. Но, наместо да ги охрабрувате секогаш да се фокусираат на она што следува на нивната листа на обврски, помогнете им да останат фокусирани на она што го прават сега, дури и ако тоа не е ништо, бидејќи дури и да се одмара, треба да се научи како.

Им кажуваме на нашите деца: Стресот е неизбежен – продолжете понатаму. Треба да кажеме: Научете да се опуштите

Денес стресот се појавува кај се помлади и помлади деца – тие се грижат за оценките и се чувствуваат под притисок да бидат подобри на училиште.

Начинот на кој денес живеат луѓето честопати со пример им покажува на децата дека стресот е неизбежен дел од животот и дека е основа за успех.

Истражувањата покажуваат дека децата чии родители се исцрпуваат на работа, има поголема веројатност да прегорат на училиште отколку нивните врсници.

Децата треба да се научат на вештини кои ќе им помогнат да бидат поотпорни на стресни настани.

3. Им кажуваме на децата: Најдете нешто да правите. Треба да им кажеме: Занимавајте се не правејќи ништо.

Дури и во слободно време, луѓето во западните општества тежнеат кон позитивни емоции со висок интензитет, како возбудувања, за разлика од емоциите со низок интензитет како смиреност (спротивно од луѓето во источноазиските земји).

Ова значи дека распоредот на нашите деца е често полн со воннаставни активности и семејни излети, оставајќи многу малку време за „досада“.

Нема ништо лошо во тоа да се возбудите, да се забавувате и да барате нови искуства. Но, возбудата, како и стресот, ја исцрпува нашата физиологија, па можеме несвесно да ги охрабриме нашите деца да ја согоруваат својата енергија после училиште или за време на викендите, оставајќи ги со помалку ресурси во времето кога им е најпотребна.

Поентата не е дека никогаш не треба да ги мотивираме на разни активности или дружење, туку дека сè треба да биде умерено и на децата да им се даде можност да научат да играат самостојно, да бидат со себе и да сонуваат, да научат да бидат среќни заради себе, а не само поради надворешни влијанија.

4. Ние им кажуваме на нашите деца: Изберете битки во кои ќе можете да победите. Треба да им се каже: Учете од своите грешки.

Родителите имаат тенденција да ги идентификуваат своите деца со нивните јаки страни и активности што им доаѓаат природно, наместо како цели луѓе. Тие велат дека нивното дете е „математичар“, „друштвен“ или „уметник“.

Сепак, истражувањето на Керол Двек од Универзитетот Стенфорд покажува дека овој начин на размислување всушност ги става децата во мали рамки на личноста и на долг рок ја намалува нивната желба да пробаат нешто ново, особено работи во кои не се толку талентирани.

5. Ние им кажуваме на нашите деца: Знајте ги своите слабости и бидете силни Треба да им кажете: Грижете се за себе.

Луѓето имаат тенденција да мислат дека самокритиката е важна за работа врз себе. Така, родителите честопати ненамерно ги учат своите деца да бидат премногу самокритични.

Самокритиката ја зголемува веројатноста на лицето да биде вознемирено и депресивно кога ќе се соочи со предизвик.

Наместо тоа, родителите треба да ги охрабруваат децата да развиваат ставови за самосочувство – со тоа што ќе се однесуваат кон себеси како кон пријатели на кои им треба внимание и поддршка. Тоа едноставно значи да научат да не се критикуваат себеси.

6. Ние им порачуваме на децата: Светот е сурово место, пазете се, вие сте број еден. Треба да им кажете: Покажете сочувство кон другите.

Истражувањата покажуваат дека од детството па наваму, социјалните врски се најважни за нашето здравје, среќа, па дури и за долговечноста, пишува Psychology Today.

Позитивните односи со другите луѓе се од клучно значење за благосостојбата, што пак влијае на интелектуалните способности и крајниот успех на една личност.

Допадливоста е еден од најсилните предуслови за успех – без оглед на вистинските вештини.

Важно е да се поттикнат природните инстинкти на децата да се грижат за чувствата на другите луѓе и да се стават себеси на местото на другите. Вистина е дека светот е суров. Но, не мора да биде ако децата се учат на емпатија, отвореност, храброст и ако се престане да се кажува колку е важно да се биде најдобар, најуспешен, најубав или најпаметен.

Фото: Freepik

loading...