Што би направиле ако дознаете дека како бебе ве замениле во болница?

Една девојка побарала оштета од 3 милиони евра од болницата во која пред речиси две децении била заменета со друго бебе. 

0
109

Болница во Шпанија се извинила за „човечка грешка“ заради откритието дека две девојчиња биле заменети при раѓање пред речиси две децении.

За грешката дознале откако едно од девојчињата, кое сега има 19 години, направила ДНК тест, кој покажал дека родителите што ја воспитувале не биле нејзини биолошки родители. Таа ги тужела лекарите и бара надомест од 3 милиони евра, пишуваат шпанските медиуми.

Властите во Ла Риоха тврдат дека нема корупција во нивните болници, туку дека за овој случај е виновна човечка грешка.

„Тоа беше човечка грешка и не можевме да откриеме кој е виновникот“, рекла шефицата за здравство Сара Алба на прес -конференција.

Таа, исто така, изјавила дека „тие не знаат за некој друг сличен случај на замена на бебе во нивната историја“ и инсистирала на тоа дека такво нешто не може да се случи денес.

Девојчето, кое го крие својот идентитет од новинарите, е родено во 2002 година во болницата „Сан Милан де Логроно“ во северниот регион Ла Риоха во Шпанија.

Адвокатот Хозе Саез Морга за телевизиската мрежа TVR изјавил: „Негрижата е толку груба што зборува сама за себе“.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]