Што ги учиме децата: мисли само на себе или биди грижлив кон другите?

Ако ги учиме нашите деца дека е најважна личната среќа и високите достигнувања, наместо грижата за другите, не треба да се чудиме ако добиеме генерации со искривени вредности

0
50

Како и повеќето родители, веројатно имате неколку идеи кога станува збор за воспитувањето на вашите деца. Сакате да бидат среќни, добри, паметни, љубезни, успешни – но кои вредности всушност ги претставувате како најважни?

Загрижени дека „вредностите на денешната младина се искривени“, експертите од Харвард решиле да го решат ова прашање. Како дел од проектот „Making Caring Common“, истражувачите интервјуирале 10.000 ученици во САД и 81 отсто од нив рекле дека нивните родители ги научиле дека личната среќа и високите достигнувања се поважни од грижата за другите.

Претходните истражувања откриле дека 96 проценти од родителите сметаат дека развојот на моралот кај децата е важно, но не е и неопходно. Но, новото истражување покажало дека децата не размислуваат така. Додека 19 проценти од децата рекле дека грижливоста е приоритет во воспитувањето на нивните родители, 54 проценти сметаат дека за нивните родители многу поважен е успехот, а само 27 проценти го мислат тоа за среќата.

Наодите покажале дека децата имаат три пати поголема веројатност да се согласат отколку да не се согласуваат со следната изјава: „Моите родители се посреќни кога ќе добијам добри оценки на училиште отколку да сум грижлив член на заедницата во одделението и во училиштето“.

По истражувањето, експертите смислиле план и споделиле четири техники за воспитување на љубезно и морално дете:

1. Со вежба до совршенство
На децата им треба можност да вежбаат како да станат грижливи луѓе кои со задоволство помагаат – квалитети кои не се нужно вродени. Експертите советуваат секојдневно повторување, без разлика дали е тоа помагање на пријател за домашна работа или помагање во домашните работи. Усмерувањето што доаѓа од возрасните е многу важно!

2. Перспектива „Зголеми/намали“
Експертите објасниле дека ова значи дека децата треба да бидат свесни за потребите на оние кои се во непосредна близина, но и дека треба да имаат перспектива за пошироката слика. „Со заземањето различни перспективи, вклучувајќи ги и перспективите на оние кои честопати се невидливи (како ново дете во училницата, лице кое не зборува на нивниот јазик или училишниот домар) – децата го прошируваат својот ‘круг на грижа’ и се во состојба да размислат за праведноста во нивната заедница и општеството“, велат експертите во истражувањето.

3. Клучни се силните и морални примери
Едноставно кажано, родителите треба да го практикуваат она што го зборуваат. Совршенството не е одговорот, но признавањето грешки е. „Родителите, исто така, треба да вежбаат перспектива ‘намали/зголеми’, да ги прошират своите ‘кругови на грижа’ и да го продлабочат разбирањето за правдата и правичноста“, објаснуваат експертите.

4. Децата треба да се усмерени управувањето со деструктивните чувства
Децата се борат со ‘грижата за другите’ кога се преплавени со чувства како лутина или завист. Родителите треба да им помогнат на децата да управуваат со ваквите чувства на продуктивни начини.

Фото: Pexels

loading...