Како да го смирите детето за секунда?

Една од водечките австралиски експертки за родителство вели дека родителите можат да го смират детето кое има излив на бес со едноставно прашање.

0
259

Една од водечките австралиски експертки за родителство Меги Дент вели дека родителите можат да го смират дете кое има излив на бес со помош на едноставно прашање. Таа објавила трик на Фејсбук кој наводно го смирува детето за две секунди. Како што вели, детето на тој начин ќе се фокусира на вас, а не на она што го лути.

„Добри примери на прашања се: „Дали тоа беше автомобилот на татко ти?“, „Дали сакаш да се напиеш нешто?“ или „Сакаш ли да излеземе да си играме?“

„Ваквите прашања ќе го свртат вниманието од она што го налутило и ќе му помогне да размислува за нешто друго“, напишала таа.

Додека некои родители мислат дека идејата е добра, други воопшто не се согласуваат.

„Детето треба да ги почувствува емоциите и да ги процесира“, „Или можете да му дозволите на детето да научи дека лутината и тагата се емоции од кои не треба да се плаши“, велат тие.

Според некои експерти, ова е едноставна стратегија која е добра во ситуации кога однесувањето може да претставува проблем.

„Истакнување нешто интересно, нова игра или гримаси се одличен начин да го одвлечете вниманието на децата кога ќе станат нервозни или кога имаат тешкотии во односите со другите“, наведува на својата веб -страница здружението Raising Children.

Добрите техники на одвраќање на вниманието вклучуваат давање на нова играчка на децата, промена на играта или простор во кој престојуваат. Можете исто така да ја промените активноста што ја правите или да започнете да потпевнувате песна за да им го одвлечете вниманието, советува Raising Children.

Меѓутоа, во некои случаи овој метод не функционира. Ова обично се случува кога детето повредува некого или е премногу вознемирено за да се смири.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]