10 постапки со кои го размазувате детето

Иако сигурно не сакате вашето дете да биде размазено, сигурно правите некои работи кои водат токму во тој правец. Меѓутоа, важно е да не претерате за да не ви избега целата ситуација од контрола.

0
682

Потрудете се да најдете златна средина такашто навреме ќе ги воочите негативните однесувања кои водат кон тоа да го размазите вашето дете до максимум. Еве некои од нив:

Го наградувате детето со храна

Ако ја користите брзата храна како награда за добро однесување, многу брзо ќе го навлечете детето на неа. Чоколади, кекси, сладолед, чипс и слично, треба да се само повремено задоволство, а не награда.

Му купувате играчки за да го разведрите

Ако вашето дете веќе има полно играчки, веројатно му е потребен друг извор на задоволство. Наместо да му купите нова играчка, обидете се да направите заедно нешто креативно или едноставно поминувајте повеќе време со него во некои активности на отворено.

Не го учите детето да дели со другите

Дете кое знае да ги дели работите со другите, учи важна лекција за важноста на блиските и пријателите во однос на предметите.

Не поставувате граници

Не можете да бидете добар родител ако немате воопшто авторитет. Иако во многу ситуации сигурно нема да ви биде драго да заземете улога на некој што му ја расипува забавата на детето, мора да постапувате правилно секогаш кога е тоа потребно.

Правите се наместо детето

Треба да работите на развој на независноста и автономијата кај вашите деца. Ако се правите место нив, тоа ќе биде невозможно.

Вашето дете нема домашни обврски

Кога е детето доволно големо за да има обврски во куќата, важно е да му ги дадете. На пример, да го фрла редовно ѓубрето или да да ја раскрева и поставува масата. Научете го да биде одговорно.

Му дозволувате да ве прекинува во разговорите

Доколку редовно ве прекинува додека зборувате со некого, во случај тоа да не е поради некоја негова неодложна потреба или затоа што е евентуално лошо расположено тој ден, тогаш значи дека не сте го научиле на важна лекција. Да ги почитува возрасните и да се воздржува од прекинување.

Никогаш не му велите НЕ

Овој збор мора да постои во вашиот речник. Но само доколку кога велите не, тогаш навистина така и мислите. Кога ќе кажете не, треба навистина да се држите до тоа.

Не се одвојувате од детето

Премногу заедничко време со детето, со тоа што не го оставате насамо со никој друг, создава нездрава врска помеѓу вас. Имајте на ум дека вашето дете треба да знае како да се однесува во животот со различни луѓе, на различна возраст со кои во различни релации. Добро е одвреме навреме да се разделувате, барем на кратко.

Му дозволувате премногу време пред екраните

Детето кое минува премногу време пред екраните е изложено на опасност од дебелеење, проблеми со вниманието и депресија. Ограничете му го времето што го минува пред екраните и поттикнете го поинаку да го организира слободното време.

loading...