10 разлики во воспитувањето на првото и второто дете

Еве неколку споредби помеѓу воспитувањето на првото и на второто дете кои ќе ве насмеат и во кои веројатно ќе се пронајдат многумина од оние со најмалку две деца.

0
1232

По првото дете се уште имаме енергија и надеж и предадени сме и на идејата дека се мора да направиме совршено. Меѓутоа, потоа го добиваме второто дете и сфаќаме дека мора да ја смениме нашата визија за родителството и во некои работи да попуштиме, а некои претерани правила да ги заобиколиме.

1. Храна
Прво дете: Свежо приготвено овошје, зеленчук, готвени оброци, мени на кое нема место за брза купечка храна. Барем до оној момент кога некој од блиските додека вие не гледате, не го понуди со првите грицки.
Второ дете: Остатоци од ручек, грицки, сендвичи, сок…

2. Облека
Прво дете: Стопроцентен памук од проверено потекло
Второ дете: Веќе носена облека од постариот брат или сестра.

3. Бањање
Прво дете: Секоја вечер во када со соодветна величина со најдобриот гел за туширање за бебиња.
Второ дете: Два пати неделно. Останатите денови парцијално бањање или евентуално туширање.

4. Рутина на заспивање.
Прво дете: Завиткано во омиленото кебенце со песна за заспивање, секоја вечер во исто време. Строго почитување на рутината затоа што тоа на децата им создава сигурност.
Второ дете: Знае да заспие со шишето или со цуцлата во уста на кауч во дневна, во 22 часот.

5. Пријатели
Прво дете: Организирани дружења, договори со мајките од паркот за следното дружење.
Второ дете: Пријателите на постариот брат или сестра.

6. Играчки
Прво дете: Дрвени играчки, врвен квалитет, главно од земјите од ЕУ.
Второ дете: Количка од Кина, важно е барем нешто да е само негово и ново.

7. ТВ правила
Прво дете: Само Baby TV и тоа 23 минути во текот на целиот ден.
Второ дете: Уште на две ипол има свој таблет, знае да гледа слики на мобилен и секако, гледа долгометражни цртани.

8. Чевли
Прво дете: Врвен квалитет со европски потпис, со влошки за стапалата, цената не е пресудна.
Второ дете: Ноу нејм обувки и оние од постариот брат или сестра.

9. Дадилка
Прво дете: Драгата сосетка која ќе ја почитуваме и ќе ја сакаме до крајот на животот, која го води во парк, во утринска и попладневна прошеткја и во парк.
Второ дете: Никој. И онака никаде не излегуваме.

10. Фотографии
Прво дете: Фотографии на првото запче, првата кашичка, првите чекори, првото одење во парк.
Второ дете: Снимка на колковите.

loading...