Рано откривање рак на дојка: Направете самопреглед на градите (ФОТО)

Со откривањето на ракот на дојка во порана фаза можностите за излекување се далеку поголеми. Со помош на фотографијата откријте ги првите симптоми на оваа болест...

0
1499

Ракот на дојка е најчест малиген тумор во светот. Секоја година заболуваат се поголем број жени, а голем дел од тие случаи завршуваат со смртен исход.

Меѓутоа, лекарите тврдат дека оваа опасна болест е излечива. Со откривањето на ракот на дојка во порана фаза можностите за излекување се далеку поголеми, па дури и 80 отсто.

Од таа причина жените треба да прават самопреглед на дојките, како и ултразвук еднаш годишно.

Самопрегледот на дојките е постапка која на жената и овозможува самата да ги прегледа своите гради. Најдобро е жената да го направи прегледот една или две недели по почетокот на менструалниот циклус, а доколку веќе нема циклус најдобро е да се одреди еден ден во месецот кога тоа ќе го направи.

При самопрегледувањето посебно внимание треба да обрнете на следните знаци: откривање грутки при допир, здебелување на дојката, зголемување на едната дојка, какви било промени на кожата на брадавиците и дојките, исцедок од брадавиците, болки во дојката.

Хрватскиот портал „Превентивна програма“ објави на својот профил фотографија која може да биде од помош на сите жени коишто сакаат да направат самопреглед, а кои не се сигурни кои можни симптоми може да укажуваат на рак на дојка.

Доколку забележите кој било од овие знаци, што побрзо јавете се кај својот лекар: 

Фото: Fejsbuk/www.yumama.com

loading...