Што да направите за да не се изгубат децата

Име и презиме, колку има години, адреса – тоа треба да го знаат вашите деца. Во внатрешниот џеб на палтото на детето, треба да стои визит картичка (наместо визит картичка може и обична хартија).

0
1175

На секои 10 минути во Русија се губи по едно дете. Затоа се спроведува сериозна кампања и обука на родителите што треба да прават за да ги спречат тие ситуации. Кај нас ситуацијата, за среќа, е далеку поинаква, меѓутоа, ако не вие лично, речиси сигурно сте слушнале барем неколку приказни за тоа како тој некој изгубил дете во продавница, на плажа, во парк… или само го изгубил од видик и преживел голем стрес… Веројатно некои од побројните совети веќе наголемо ги практикувате, но не е лошо да го поминете целиот список.

За што треба да размислите однапред и на што треба да го научите детето

1. Име и презиме, колку има години, адреса – тоа треба да го знаат вашите деца. Во внатрешниот џеб на палтото на детето, треба да стои визит картичка (наместо визит картичка може и обична хартија). Покрај бројот на телефонот тука треба да се наведе домашната адреса, контакт на некој пријател (ако вашиот телефон е недостапен). Ако детето има некои медицински специфичности, и тоа треба да се наведе.

2. Научете го детето да користи мобилен телефон. За малите деца најзгодни се телефоните со ограничен број на типки (на секоја бројка е мемориран бројот на телефонот на некој од најблиските). Важно е тоа што телефонот помага да се одреди местото кадешто детето се наоѓа.

3. Проверете го својот нотес. Треба да имате телефонски броеви од родителите на другарите на вашето дете, воспитувачки, учителки.

4. Играјте и разговарајте со детето. Низ играта „што би било кога би било“ разговарајте што би било кога детето би се изгубило во градот. Од одговорот ќе сфатите колку детето е подготвено да се снајде во критична ситуација. Прашајте што би правело ако се изгуби во превозот, што треба да прави ако некој му пријде на улица и се обиде да го киднапира. Настојувајте, покрај јасните совети што треба да прави, да му објасните и зошто токму тоа е вистинската постапка. Ако детето е сосема мало, ситуацијата можете да му ја претставите низ бајка, некоја приказна…

5. Кога ќе се изгубат, децата многу се плашат дека вие ќе ги карате. Затоа, детето многу лесно може да заборави што требало да направи и како да постапи во таа ситуација. Кога ќе го учите детето како би требало да постапи, постојано повторувајте му дека вие во таквата ситуација некако не би го карале.

6. Наједноставното правило возрасните го помнат уште од детството Застани каде што си, не мрдај“. На тоа правило научете го и своето дете. Така, најпрво ќе се пронајдете во случај да се изгубите во продавница, музеј…

7. Што треба да научи сосема мало дете? Можеби делува чудно, но малите деца инстиктивно постапуваат токму како што треба: кога ќе се изгуби, детето седи на подот и почнува да ги повикува родителите, а токму тоа го советуваат и психолозите. Родителите треба да го научат детето на една работа. Научете го детето дека ако му пријде некој човек и сака некаде да го одведе, тоа треба да вреска на цел глас: „Ти не си мојот татко (мојата мајка)… Јас не те познавам… Помош!“ Само во тој случај минувачите ќе обврнат внимание, во спротивно се им делува како семејна сцена.

Во град

1. Облекувајте го детето во облека со интензивни бои. Ако облеката е темна, нека барем капата или шалот бидат со интензивни бои. Нека и боите на вашата облека бидат интензивни.

1. Ако се изгубите во метежот, така еден до друг полесно ќе се забележите.

2. Држете го детето за рака. Ако детето ве држи за здолништето, ракавот и сл., нема да почувствувате кога ве пуштило па така полесно ќе се изгуби.

Како децата сами да одлучат да бидат добри?

3. Кога се пробивата низ метежот, нека детето биде пред вас.

4. Кога ќе пристигнете на целното место (голема продавница, музеј и сл.), погледнете наоколу и договорете се со детето на кое точно место еден со друг ќе се најдете ако случајно се изгубите.

5. Фотографирајте го детето пред да излезете од дома. Врз основа на таа снимка, на минувачите ќе им биде полесно да ви помогнат.

Ако детето се изгуби во трговски центар

1. Обрнете внимание на персоналот во продавниците. Со помош на видео-надзор и повикување преку разглас, ќе биде полесно детето да се пронајде.

2. При објавување преку разгласот дека се бара тој и тој, одредете го и место кадешто треба да дојде. Нека тоа биде некое воочливо место, на пример, кај касата. Немојте тоа да биде инфо-биро ако е, како што обично е, во некој агол па и возрасните тешко го пронаоѓаат.

3. Додека персоналот го бара детето внатре, вие излезете надвор за да го побарате.

Што да му кажете кога ќе се најдете

Ако конечно сте го забележиле своето дете, не довикувајте го туку настојувајте да не го изгубите од вид додека одите кон него. Во големите простории владее џагор и на детето може да му делува дека вашиот глас допира од сосема друга страна па може да потрча во погрешен правец.

Кога ќе го најдете, во ниеден случај не карајте го детето. Можеби не е ниту свесно дека се изгубило, можеби само студиозно проучувало играчките…

Ако детето е преплашено, секако дека ќе го прегрнете. Смирете се и двајцата: погледнете се еден во друг во очи, дишете малку заедно. Ако не може да се смири, помогнете му да искаже што чувстува. Објаснете му дека и вие сте сеисплашиле, но дека е баш добро што двајцата сте направиле се како што треба.

Во спокојот на вашиот дом уште еднаш разговарајте за целиот настан. Пофалете го детето ако постапило онако како што порано сте го советувале (не отишло никаде, ве повикало на телефон, ве замолило за помош на најблискиот продавач или кое било службено лице, а не непознат човек). Ако детето направило се погрешно, уште еднаш темелно разгледајте ги сите детали на настанот.

Фото: www.detinjarije.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]