Совети за зголемување на коефициентот на интелигенција кај децата

Секој родител сака да му овозможи се најдобро на своето дете, па дури и да ја подобри неговата интелигенција. Ви претставуваме неколку начини што научно докажано го зголемуваат коефициентот на интелигенција кај дечињата.

0
2046

Секој родител сака да му овозможи се најдобро на своето дете, па дури и да ја подобри неговата интелигенција. Ви претставуваме неколку начини што научно докажано го зголемуваат коефициентот на интелигенција кај децата.

1. Доење

Доењето има многу предности како создавање на имунитет и заштита од болести, но се до неодамна не се знаеше дали влијае на интелигенцијата. Студијата спроведена во Монтреал покажа причинско-последична врска. Биле проучувани 14.000 деца на возраст од 6,5 години и се докажало дека доените деца постигнале 7,5 отсто повеќе на вербалните тестови за интелигенција.

2. Спорт

Секој наставник ќе ви каже дека децата подобро се концентрираат и однесуваат по еден час минат во спортски активности или одмор. Научниците во Холандија откриле дека децата постигнуваат подобри резултати и оценки ако им се даде простор малку „да се издуваат“.

3. Исхрана

Според научните студии треба да се исфрли храната со висок процент на шеќери и маснотии бидејќи доведува до пониско ниво на интелигенција. Во студијата децата кои јаделе храна што содржи масти и шеќери имале за 1,67 отсто помал коефициент на интелигенција од децата чија исхрана вклучувала повеќе овошје, зеленчук, риба и тестенини.

4. Музика

Истражување во Торонто утврдило дека лекциите од музичкото образование влијаат позитивно на работата на мозокот. Експертите велат дека изложувањето на децата на искуството од полето на музиката може да им помогне во разни други области во животот.

5. Појадок

Дечињата кои го започнуваат денот со здрав појадок се повеќе концентрирани и подобро подготвени да се соочат со дневните предизвици, како и постигнуваат подобри резултати и оценки на тестирањата.

6. Интерактивно читање

Студијата направена во Универзитетот во Њујорк утврдила дека интерактивното читање ги поттикнува децата да поставуваат прашања што им ја зголемува интелигенцијата. Децата кои на возраст до четири години активно учествуваат во читањето книга и поставуваат прашања поврзани со неа им се зголемува интелигенцијата за шест отсто.

7. Рибино масло

Истата студија покажала дека омега-3 масните киселини делуваат во зголемувањето на интелигенцијата кај децата. Трудниците или доилките кои внесувале повеќе од 1.000 мг ДХА дневно можеле да ја зголемат интелигенцијата на своето дете за 3,5 отсто, додека новороденчињата кои добивале омега-3 во период од 3 месеци подоцна кога пораснале имале за 6,5 поголем коефициент на интелигенција од дечињата кои не го добивале овој додаток во исхраната.

Фото: www.heysigmund.com/developmental-stage/

loading...