Како да воспитате великодушно дете?

Великодушноста почнува со чувството дека имате многу, а се развива со чувството дека другите стануваат среќни кога им го даваме нашето. Нашата работа како родители е на децата да им го овозможиме тоа искуство.

0
707

Сите ние сакаме нашите деца да бидат дарежливи. Всушност, има луѓе што веруваат дека нашата основна цел на Земјата е да живееме така што се ќе делиме со другите, идеја што, дефинитивно, е убава и инспиративна. Но, да терате некого да биде дарежлив само ќе го направи нерасполжен. Што е уште по ло шо, тоа го засилува чувството дека детето е лошо ако не сака да ги дели своите работи. Великодушноста почнува со чувството дека имате многу, а се развива со чувството дека другите стануваат среќни кога им го даваме нашето. Нашата работа како родители е на децата да им го овозможиме тоа искуство. 

ЖИВОТНА ЛЕКЦИЈА

Разменете ја идејата дека споделувањето со другите е една од причините што сме живи. А тоа е и еден од начините на кои сите ние можеме да го направиме светот подобро место за живеење. Конечно, ако вашето дете е среќно, тоа ќе научи дека да направи некого среќен кога ќе му подари нешто е, всушност, поголема награда отколку кога самото тоа би добило подарок. Но, таа мудрост е нешто што се развива по повеќе години, кога детето ќе почне да го чувствува вистинскиот дар што му го дава животот.

МОДЕЛ ЗА ВЕЛИКОДУШНОСТ

За празниците, на постарите членови од семејството испечете им ги нивните омилени колачи. Вашиот сладолед поделете го со детето. Донирајте пари за да му помогнете на некое болно дете. Давањето нека стане дел од вашата секојдневна рутина. 

НЕ ПРИСИЛУВАЈТЕ ГО ПРЕДВРЕМЕ

Ако инсистирате вашето двегодишно дете да ги дели своите играчки, може да предизвика обратна реакција.
Всушност, да го терате детето да му ги даде играчките на некој гостин е како да ја давате вашата вредна виолина „Страдивариус“ на некој, кој тукушто сте го запознале.

НЕКА ЗНАЕ ДЕКА ВЕ УСРЕЌУВА

Овозможете му на детето да почувствува дека неговите дела предизвикуваат среќа кај другите. Ова, обично, почнува со родителите. Овозможете му да види како реагирате на нешто што ќе ви подари, на пример, некоја картичка. Овозможете му да види широка насмевка на вашето лице додека ја читате посветата. 

Фото: www.mojpedijatar.co.rs

[better-ads type='banner' banner='999' ]