За доброто на децата: Три зборови кои би сакала да ги запомнат сите родители

Ве молам престанете да одлучувате во име на децата и да ги запишувате на часови по клавир, тенис, англиски, француски и сите други активности на кои одат децата на вашите соседи.

0
1030

Сите родители им мислат добро на своите деца, но понекогаш не помислуваат дека дефиницијата за успех и добар живот не е секогаш иста со онаа на децата кои се развиваат како личности.

Исто така не сфаќаат дека секој е посебна индивидуа има свои потреби и начини за постигнување на целите во животот и не можат сите исто да се однесуваат.

Понекогаш тоа доцна се прифаќа, затоа треба навремено да се обрне внимание.

Една мајка која има болен син напишала отворено писмо во кое им се обраќа на сите родители кои постојано трчаат по своите деца им угодуваат и воспитуваат или како ги запишуваат на разни секции, дополнителни активности со кои ќе ги направат попаметни, покултурни. Сето тоа со цел да бидат како сите други или да се вклопат во рамките и правилата на општеството.

Драги родители,

Дозволете да ви се претставам. Јас сум мајка на еден прекрасен син и многу паметно 20-годишно момче. Во текот на последните три години дури 18 пати беше во болница поради Кронова болест, има три инфекции кои се неизлечиви, пие многу апчиња за болки, имаше операција на дебелото црево, а преживеа и потрес на мозок пред извесно време, бидејќи падна од скејтборд.

Се надевам веќе го имам вашето внимание, иако не сакав на ваков начин да морам да го добијам.

Знам дека сметате дека сите ваши родителски чекори се направени во интерес на детето, но сакам да споделам некои лекции кои ги научив, додека тој растеше и јас созревав покрај него со надеж дека ќе ве спречам да го направите истото.

Ве молам престанете да одлучувате во име на децата и да ги запишувате на часови по клавир, тенис, англиски, француски и сите други активности на кои одат децата на вашите соседи.

На децата им треба време да истражат, да имаат авантура, да играат и да фантазираат. Имаат само неколку години, дозволете им да ја изградат својата природна љубопитност на свој начин и по свој распоред.

Тие имаат време.

Ве молам престанете да ги подготвувате за на факултет уште во шесто одделение. Всушност, ве молам да престанете да ги подготвувате за студирање воопшто. Ако факултетот е дел од нивната иднина тие ќе се подготват со помош на своите вродени таленти. Нема да им бидете потребни вие за пишување есеи, ниту да ги терате да волонтираат, да земат дополнителни часови, да работат дополнителна работа за да добијат универзитетска диплома.

Тие имаат време.

Ве молам, престанете да му ја наметнувате на детето приказната која ја имате во глава за тоа како тоа треба да напредува во животот. Вашите деца не се ваше продолжение во таа смисла. Секој има свој пат по кој оди и на кој го следат радост, среќа, но и солзи, скршени срца, загуби.

Не се обидувајте да ги спасите од неуспехот. Дозволете им самостојно да се движат низ животот. Понекогаш скршени од борбата и лошите лекции, но со насмевка на лицето поради научените работи и мудрости кои вие не можете да им ги дадете.

Ве молам престанете да ги брзате во светот на возрасните. Дозволете им некое време да уживаат во слободата на детството. Наскоро ќе ги имаат проблемите како и сите други, одговорности и барања како и вие. Зошто да ги брзате кон тоа?

Тие имаат време.

Живееме во свет кој е мошне груб и немилосрден. Престанете со правилата, роковите и старосните дефиниции. Современото општество ни наметнува кога, како и каде мора да бидат нашите деца во кој било момент. Од каде се тие правила? Нашите деца треба да се подготват за најважните од сите животни лекции – да ја пронајдат среќата и љубовта во светот на неизвесностите.

Ако престанеме да правиме некои од овие работи, тие ќе имаат време да го направат токму тоа што го бараме“. 

Фото: www.itscelebrationtime.com

loading...