Станавме ужасни родители: Зошто треба да го оставите телефонот додека сте со детето

Одговарањето на имејл или пребарувањето на Фејсбук, додека децата чекаат или се обидуваат да добијат малку внимание не е фер кон нив и би можело да ја промени природата на односот со децата ако тие не чувствуваат дека се важни како вашиот апарат.

0
1423

Тешко е да се елиминира навиката на редовното прегледување по апликациите на паметниот телефон „smartphone“. Нив ги има навистина многу, и направени се за да го окупираат нашето внимание. Тешко е, значи, да се тргне погледот од телефонот. А, ако сте родител на немирни деца, можеби и не сакате да го кренете погледот. Фасцинантна е студијата за динамиката на односите помеѓу родителите, децата и паметниот телефон, пишува магазинот „Тајм“, која дава отрезнувачка слика за влијанието на апаратите на релацијата родител-дете.

Доктор Џени Радески, за развојна и бихевиорална педијатрија во Бостон медикал центар“, специјализирана за советување на родителите кои имаат проблеми со развојот и однесувањето на децата, природно е заинтересерина да одзагатне како сеприсутноста на паметните телефони и нивната привлечност, можат да влијаат на квалитетот на времето кое родителите и нивните деца го поминуваат заедно. Претходните студии покажале дека телевизорот, дури и ако е само во позадина, може да ја инхибира детската креативност и да ја намали нивната концентрација.

За да се испита ефектот на паметните телефони, Радески и нејзините колеги испратиле „таен иследник“ скришно да ги набљудува децата додека јаделе во ресторан за брза храна. Набљудувачите го бележеле однесувањето на возрасните и децата во 55 такви групи, како и колку често возрасните ги користеле своите паметни телефони.

Податоците пружиле искрен увид во тоа колку родителите се ангажирани и опседнати со своите апарати. Едно дете ги надминало границите во обидите да ја принуди својата мајка да го крене лицето од таблетот, но без успех. Друга мајка го удрила детето под масата, во одговорот на обидите на детето да го добие нејзиното внимание додека гледала во својот телефон. Таткото одговорил отсечно и иритантно на детските напори да го отргне од неговиот апарат…

– Помал број родители го користат апаратот во текот на целиот оброк – рекла таа. Радески, додавајќи дека имало „многу случаи во кои имало мошне малку интеракција, остра интеакција или негативна интеракција“ помеѓу возрасните и децата. 

– Тоа едноставно е неправедно кон децата – рекла д-р Венди Сју Свансон од Детската клиника во Сиетл и авторка на блогот. 

Радески работи на тоа Американската академија за педијатрија да развие насоки за паметно користење на паметните телефони пред децата – исто како што академијата има совет за родителите кај гледањето на телевизија (не за децата помали до две години). 

Во меѓувреме, разделбата со апаратите во текот на одредено време, како што е времето на оброк, разговор и времето за спиење, може да помогне да се минимилизираат негативните ефекти кои паметните телефони го имаат на односот помеѓу родителите и децата.

– Користете телефон, но не се препорачува на масата кога времето е вредно за негување на семејната кохезија – рекла Свансон. 

Исто така, одговарањето на имејл или скролувањето по фејсбук, додека децата чекаат или се обидуваат да добијат малку внимание не е фер кон нив и би можело да ја промени природата на односот со децата ако тие не чувствуваат дека се важни како апаратот.

– Овие податоци се отрезнувачки, бидејќи ние како родители навистина треба да размислиме за тоа како овие апарати не само што ни го одвлекуваат вниманието, туку и потенцијално не менуваат кои сме навистина ние како родители – рекла Свансон.

Воспоставувањето на правила за „некористење апарати“ во одреден период од денот или местото во куќата исто така може да помогне. Тоа не само што ги подобрува односите помеѓу малите деца и нивните родители, туку и влијае на децата за тоа како правилно да се ангажираат со луѓето во текот на разговорот или интеракцијата во текот на растењето.

– Мојата загриженост е дали употребата на апаратите ќе стане претерана, и ќе ја замени нашата секојдневна интеракција, а тогаш децата нама да имаат многу пракса во разговорот, во читањето на социјалните сигнали и реагирањето на нешто што друга личност го изразува- рекла Свансон. 

Кој сака генерација на луѓе кои се допишуваат на телефон меѓусебе додека седат на иста маса?

Фото: safesleepspace.com.au/

[better-ads type='banner' banner='999' ]