„Маша и Медо“ спектакуларната руска детска претстава премиерно во МНТ

Публиката ќе има можност да ја види спектакуларната детска претстава направена по истоимениот и многу популарниот цртан филм „Маша и Медо“.

0
658

 

За првпат премиерно во Скопје гостува најпопуларната руска детска претстава.

Публиката ќе има можност да ја види спектакуларната детска претстава направена по истоимениот и многу популарниот цртан филм „Маша и Медо“.

Ова е идеална можност нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонскиот народен театар, со оригиналните костими, на децата ќе им ги доближи авантурите на „Маша и Медо“.

Претставата ќе биде синхронизирана на македонски јазик. Изведбите се на 28 и 29 декември во 18 и во 20 часот.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.

Цени на билетите:
Прва галерија – 400 денари
Од 6 до 17 ред – 500 денари
Од 1 до 5 ред – 600 денари
Балкони до сцената и централна ложа – 600 денари

[better-ads type='banner' banner='999' ]