7 показатели дека вашето дете можеби има сензорни проблеми

Од сензорните проблеми не треба да се бега – препознајте ги на време

0
1840

Во последно време родителите се се посвесни за она што го нарекуваме „сензорни проблеми“ кај децата. Сензорните проблеми се однесуваат на сензорна интеграција, а се манифестираат преку потешко прилагодување на детето на средината и воопшто, на светот и на околината. Она што ни е нам „нормално“ кај детето може да предизвика нервен слом и испади на бес или плач па со овој проблем треба да се научи како да се живее.

Дали вашето дете има сензорни проблеми, секако, може да процени и дијагнозата да ја постави само стручњак. Но ако секој ваш ден е борба со разни дребулии, можеби веќе и самите сте се посомневале на нешто слично.

Еве 7 знаци кои би можеле да укажуваат на сензорни проблеми:

Постојано џвакање и гризење

Секако, малите деца сакаат да ставаат во уста се и сешто, но еден од знаците за сензорни проблеми е констатното џвакање на се – од чаршафите на креветот до ракавите на блузата. Ова упатува токму на орални сензорни проблеми кои не се задоволени.

Помогнете му на детето со што повеќе предмети за џвакање: набавете ѓерданчиња за џвакање, шишенца кои ќе може да ги џвака и и играчки со кои ќе може да ги задоволи своите потреби.

Постојано движење

Многумина ќе кажат дека повеќето деца се вакви, но претераната активност може да укажува на сензорни вестибуларни потреби на детето кои исто така, не се адекватно задоволени.

Едноставното решение за ваквите детски потреби се вестибуларни активности како лулање или полигон со препреки.

Посебна пребирливост во јадењето

На пребирливоста во јадењето често се гледа како на негативно однесување затоа што повеќето родители сметаат дека е детето непослушно, размазено и тера инает. Но, храната со својот вкус, изглед и мирис на децата со сензорни проблеми честопати знае да им биде одбојна, што е едноставно, надвор од родителската контрола. Обидете се храната да ја сервирате во мали количини и да ја направите визуелно привлечна.

Неорганизираност

Имате ли дете кое никогаш не знае каде му се наоѓаат работите: И ова може да е карактеристично за повеќето деца, но детето со визуелни сензорни проблеми има тешкотии и со наједноставните задачи, на пример, да запамти каде му стои одредено парче облек или приборот за во градинка или училиште кои се инаку секогаш на исто место. На ваквото дете добро ќе му дојде секоја визуелна помош, како голем картон до задачи и цртежи кои ќе го водат.

Одбивање на одредена облека

Многу деца се пребирливи околу својата облека и погрешни пантолони можат да ги натераат на плачење, но децата со сензорни тактилни проблеми се специфични. Можат да ги „надразнат“ етикети, одредени чорапи или чевли, некој материјал на кој навикнале и тоа без воопшто да го стават  тоа парче облека или обувки на себе. Таквите проблеми ги отежнуваат секојдневните активности, подготвувањето за градинка или училиште.

Со помош на тактини и сензорни игри обидете се да ја намалите сензорната пречувствителност.

Избегнување на местата кадешто има многу луѓе и на кои е бучно

Ова може да ве збуни затоа што многу деца со сензорни проблеми во самиот почеток на својот живот не се ни свесни дека не сакаат големи и бучни собири, на пример, паркови полни со деца кои трчаат, скокаат, врескаат…

Но работите можат да ви бидат појасни ако забележите дека на вашето дете секогаш кога ќе се најдете на такво место нешто му пречи и изгледа како да му е непријатно без некоја посебна причина.

Можете делумно да им помогнете на тој начин што ќе посетувате одредени „критични места“ во период од денот кога нема току гужва за да можат децата на тој начин да се привикнат на нив.

Нагли промени на расположенијата, детето брзо и лесно се лути

Ако ви е детето постојано луто, како родител можете да се чувствувате исфрустрирано затое што верувате дека сте вие виновни што не постигнувате подобри резултати. Но, тоа е „нормална состојба“ на децата со сензорни проблеми, затоа што се едноставно „затрупани“ со разни дразби и ситуации пд својата околина кои ги доживуваат посензибилно и посилно од своите врсници.

loading...