Алтернативи на времето минато пред екраните

Ви требаат ли идеи како да го тргнете детето од пред мониторот на компјутерот или телевизорот или од таблетот и мобилниот телефон?

0
694

Денеска сите родители се соочуваат со истиот проблем…децата уште од најрана возраст се навлекуваат на мониторите, сеедно дали станува збор за компјутер или за телевизор, за мобилен телефон или за таблет…И никој и ништо не им е поинтересно од тоа. Веројатно и вие го имате истиот проблем. Обидете се да го тргнете дете од пред мониторите со нашите предлози:

– Иницирајте некоја игра со преправање, како чајанка, пикник со кадифени мечиња, циркус или тајна мисија. Вашето дете ќе се заинтересира за вакви игри и ќе му биде драго ако вие му се придружите во играта.

-Измислувајте приказни. Започнете некоја приказна и оставете го вашето дете да ја доврши.

-Купете креди во различни бои и пуштете го да црта на тротоарот или на патеките во вашиот двор или направете меурчиња од сапуница.

-Организирајте потера по метал. Купете му на вашето дете детектор за метал (достапни се во продавниците за играчки по малку повисока цена). Купете му и лопатка за да го откопува „богатството“.
Ако ништо од ова не ви успее, одредете барем еден час во денот кога ќе му дозволите да седи пред ТВ, компјутер или да игра на мобилниот телефон, но обидете се да не му дозлувате да го продолжува времето.

loading...