10 лекови кои никогаш не треба да му се даваат на дете

Аспирин. Овој лек е фактор на ризик за појава на Рејев синдром, инаку, ретка невоспалителна болест која може да предизвика сериозно оштетување на црниот дроб и мозокот. Ако болеста не се лекува брзо, може да предизвика неповратно оштетување на мозокот, па дури и да биде смртоносна.

Лекови за настинка во слободна продажба. Има бројни предупредувања и од американските и од европските педијатриски здруженија за опасностите што им се закануваат на децата од предучилишна возраст при употреба на „лекови за настинка и кашлица“, особено поради можноста од предозирање.

Лекови за кашлица. Овие лекови не ја лекуваат болеста, туку само ја потиснуваат кашлицата, која е важен одбранбен механизам.

Лекови против повраќање. Повраќањето обично трае кратко и се надминува со бавно и многу постепено внесување на течности, а потоа и храна. Ако не оди на подобро детето се става на интравенска инфузија и се прекинува внесувањето преку уста. Лековите против повраќање имаат бројни несакани ефекти.

Лекови за возрасни само во помали количини. Ова е многу опасно, прво, затоа што оваа доза е крајно непрецизна и второ, затоа што лековите за возрасни не се секогаш применливи кај децата.

Што било со поминат рок. Секое објаснување е излишно.

Било што што пие детето на сосетката кое има слични симптоми. Повторно – без коментар.

Сируп Ипекакуана. Може да го оштети срцето, а предозирањето може да биде фатално.

Дополнителни дози на парацетамол. Може да се скриени во некои комбинирани лекови за настинка, па можно е, доколку не се внимава, детето да се предозира. Секогаш гледајте го составот, за да бидете сигурни дека супстанциите што ги давате во различни лекови под различни брендови не се дуплираат.

Таблети за џвакање на мало дете. Секогаш давајте им ги под строг надзор и само ако детето веќе почнало да гризе и џвака цврста храна, поради можност да се гуши.