10 опасни навики во бременоста: Многу трудници ги имаат и не знаат какви последици можат да остават

Бремените жени генерално се многу внимателни бидејќи се свесни дека нивното здравје и навики можат да влијаат и на бебето.

Нема премногу правила за тоа што не треба да се прави за време на бременоста, така што во најголем дел можете да продолжите да си живеете како и претходно.

Сепак, некои работи можат да му наштетат на бебето, па затоа треба да ги избегнувате овие десет опасни навики:

Јадење одредена храна

Најстрогите правила за трудниците се оние поврзани со храната.

Во оваа смисла, не се препорачува идните мајки да јадат:

Сирово или недоволно варено месо бидејќи може да биде заразено со токсоплазмоза или салмонела.
Сувомеснати производи бидејќи може да се контаминираат со листерија, бактерија која може да помине низ плацентата и да го зарази бебето.
Рибите со висока содржина на жива вклучуваат месо од ајкула, кралска скуша, сабјарка.

Кога станува збор за конзервирана туна, таа генерално има пониско ниво на жива, но не треба да се консумира во преголеми количини, пишува healthline.com.

Чадени морски плодови бидејќи постои ризик да бидат загадени со листерија.

Меѓутоа, кога станува збор за пакувана или конзервирана чадена морска храна, таа е главно безбедна.
Сирови јајца, вклучително и храна која содржи сирови јајца, како преливи и сосови, бидејќи постои ризик од салмонела.
Меки сирења и сите непастеризирани млечни производи бидејќи постои и ризик од инфекција со листерија.

Изложеност на свежа боја

Нема шанси да се утврди колкава е токсичноста при изложување на свежа боја, па затоа се препорачува трудниците целосно да го избегнуваат тоа.

Токсичноста на бојата зависи од нејзините состојки и изложеноста на таа боја и иако овие производи за домашна употреба се претпоставува дека се прилично безбедни, сепак најдобро е да избегнувате да се изложувате на нив додека сте бремени.

Премногу кофеин
Кофеинот е стимуланс и диуретик, што значи дека неколку шолји дневно ќе ви го подигнат крвниот притисок, ќе го забрзаат чукањето на срцето и ќе ве натераат почесто да мокрите.

Покрај тоа, кофеинот поминува и низ плацентата и може да влијае на бебето чиј метаболизам сè уште се развива.

Секако, не мора целосно да го исклучувате кафето, само пијте го умерено, експертите велат дека помеѓу 150 и 300 милиграми кофеин дневно не треба да делуваат негативно на бебето.

Одредени лекови

Многу лекови може да имаат негативно влијание врз развојот на бебето, затоа пред да земете некој од лековите или додатоците, консултирајте се со вашиот лекар.

Високи потпетици

Ако навистина сакате да носите штикли, држете се до тие шест, седум сантиметри или пониски. Дополнително, размислете за носење чевли со платформа, која е сепак постабилна.

Како што расте стомакот, се менува и центарот на рамнотежа, па затоа е побезбедно да не носите потпетици за да избегнете падови.

Сауни и џакузи

Изложувањето на телото на високи температури во првото тримесечје може негативно да се одрази на развојот на бебето, а температурата на водата во џакузито обично е околу 40 степени, додека за температурата во сауните не треба посебно ни да се зборува.

Ако сакате да се опуштите во вода, подобро е да уживате во топла бања.

Чистење на песокот за мачки

Ако треба да чистите околу мачката и да го смените песокот, носете ракавици и потоа темелно измијте ги рацете.

Изметот на ова животно може да пренесе токсоплазмоза, паразитска болест.

Изложеност на чад од тутун
Пушењето е штетно за здравјето на мајката и бебето, но пасивното изложување на чад од тутун е речиси подеднакво штетно, што може да доведе до спонтан абортус, предвремено породување, мала тежина при раѓање и ненадејна смрт на доенчето.

Алкохол
Колку и да сакате да се опуштите со чашка алкохол, избегнувајте го за време на бременоста. Алкохолот брзо ја преминува плацентата и папочната врвца до бебето, а тоа може да го оштети мозокот и органите на бебето.

Долго седење или стоење
На трудниците не им се препорачува да стојат или да седат долго време во една положба.

Ова може да доведе до разни проблеми, како што се отекување на нозете или проблеми со вените.

Обидете се да направите пократки паузи и да направите неколку чекори ако седите подолго време или малку да ги кренете нозете ако стоите подолго време.