Малите деца се познати по тоа што знаат да пикнат некои работи во носот, што често завршува со посета на итната помош
Општиот лекар од Тасманија, Тим Џонс, за ABC News се потсетил на ситуацијата кога извадил грашок, заедно со лисја и корени, кој почнал да расте во ноздрата на четири и полгодишно дете.
„Детето почнало да се жали на главоболки, губење мирис, а од десната ноздра почнал да му излегува крвав исцедок.
Овој проблем е толку вообичаен што Детската болница во Квинсленд составила листа на 10 најчести работи што децата ги ставаат во носот и за кои на крајот е потребна посета на итната помош.
Ова се 10-те најчести работи што децата ги ставаат во носот:
мониста
Лего коцки
топчиња
семиња
ореви
играчки
копчиња
боички
магнети
батерии
Методот на „родителски бакнеж“.
„Децата никогаш не престануваат да ме восхитуваат со нивната способност да ставаат произволни нешта во носот“, рекол лекарот за итна медицинска помош QCH, д-р Арон Џонстон.
Едeн од неговите омилени примери бил за мало девојче кое имало набиено привезоци во форма на пеперутка во носот. Имало по еден во секоја ноздра.
„Таа очигледно само си играла со нив и си помислила: ’Се прашувам дали тие би можеле да ми се вклопат во мојот нос?“, вели д-р Џонстон.
„Одговорот бил: „Да, можат“.
Д-р Џонстон, кој работи во одделот за итни случаи вели дека често користел алатка со мала кука или јамка на крајот за да ги извади предметите од малите ноздри.
Но една од најчесто користените техники е позната како бакнеж на мајката или таткото и подразбира, еден од родителите на детето практично да му дава на детето вештачко дишење уста на уста, додека истовремено му ја затвора ноздрата што не содржи туѓо тело.
Д-р Џонстон вели дека оваа техника „понекогаш може да помогне да се отстрани туѓото тело од носот“.