10 важни правила за мајките кои одгледуваат синови

Мајката е најважната жена во животот на нејзиниот син. Неговата прва љубов и прв учител, и личноста чиј совет ќе го бара во текот на целиот свој живот. И токму затоа американската новинарка Табита Студер, мајка на два сина, собрала совети од други мајки за одгледување момчиња за да им помогне на новите мајки.

Бакнувајте го, многу, многу
Секоја мајка која има син знае колку нејзините момчиња можат да бидат вистински гушкачи. Истите тие гушкачи, веќе од една година можат да бидат многу живи, малку груби и деструктивни. Во моментите кога вашето мало суштество ја покажува својата нежна и чувствителна страна, и ве прегрнува и копнее по вашиот допир, тогаш не ги штедете вашите чувства.

    Сакајте го, прегрнете го и гушкајте го колку што можете. Бакнежите и допирите се важни во развојот на децата, што ќе биде најочигледно кога вашето бебе ќе стане маж, кој не се плаши да ги покаже своите чувства. Бакнете го и тогаш.

    Научете го на домашни работи
    Ако вашиот син ве гледа додека готвите, чистите или подготвувате алишта за перење, дозволете му да ви помогне во тоа. Објаснете му што правите и обидете се симболично да му префрлите дел од работата.

      Кога вашето бебе ќе стане момче, овие работи повеќе нема да му бидат забавни, но ќе знае како да прави сè и ќе може лесно да стане независно.

      Дозволете му да си ја извалка и искине облеката
      Момчињата се секогаш разиграни и палави, што често води до мали несреќи како што се искината и валкана облека.

        Нема да постигнете ништо со тоа што ќе се нервирате за вакви ситници и ќе им забранувате, скокањето, паѓањето и уништувањето се само дел од растењето што често е поизразен кај момчињата.

        Покажете му примери на добри мажи
        Вашиот син ќе биде опкружен со мускулести маскирани ликови од цртани филмови кои привлекуваат внимание со својот изглед, уште од моментот кога ќе се роди.

          Погрижете се да го приближите и да го запознаете со мажи кои „растураат“, но не со сила, туку со своите глави. Писатели, сликари, физичари, компјутерски научници, добитници на Нобелова награда…

          Покажете му примери на добри жени
          Фотографиите од убави жени од списанија, каталози или од светот на познатите личности се нешто со што вашето дете ќе расте.

            Покрај овој поглед на припадниците на спротивниот пол, погрижете се да открие кои се жените кои го нашле своето место меѓу познатите личности поради нивниот талент, знаење, упорност и нивните животни ставови, а не поради изгледот.

            Научете го на добри манири

            Децата апсорбираат како сунѓери, а секоја информација што ќе ја споделите со вашиот син ќе биде зачувана во неговата меморија. Научете го како да јаде без сркање и мљацкање, покажете му што значи да се биде учтив кон постарите, послабите и кон девојките.

              Откако ќе стане маж, ќе бидете горди на него, а секоја мајка ќе го посака вашето учтиво мало синче за зет.

              Поттикнете ја неговата нежна страна
              За разлика од девојчињата, момчињата не сакаат да ги покажуваат своите чувства, а овој природен инстинкт ја „покрива“ нивната скриена нежна страна.

                Покажете му што значи нежност и дозволете му самиот да ја почувствува и да ја изрази кон бебиња, животни, растенија, но и кон други деца и возрасни.

                Дружете се со него надвор од куќата
                Иако најчесто татковците ги носат своите енергични момчиња на спортски настани, возење велосипед или игри со топка, можете да се придружите во овој дел од забавата од време на време.
                Покажете му дека сте супер мајка која го разбира во секој поглед, вклучително и во „машките“ активности.

                Дозволете му да почувствува пораз
                Никој не сака да губи и ова е забележливо уште од многу мала возраст. Но, поразот е дел од животот што вашето мало момче наскоро ќе го разбере. Ако изгуби во игра или натпревар, нека биде лут и малку разочаран.

                  Ова се нормални чувства со кои е подобро да се соочи уште од рана возраст. Колку побрзо сфати дека не секогаш го добиваме она што го сакаме, толку полесно ќе му биде да порасне.

                  Вклучете се во неговиот живот надвор од домот
                  Кога се мали, момчињата се многу приврзани за своите мајки, но со текот на времето почнуваат да се интересираат за активности надвор од домот, далеку од вас. Обидете се да се вклучите во работи што го интересираат и во кои ужива.

                    Ако спортува, следете ги неговите настапи, успеси и неуспеси, кога ќе почне да излегува, откријте кои се неговите пријатели и запознајте ја неговата симпатија.