3 совети како да внесете хумор во родителството (дури и ако не сте природно духовити)

Родителството може да биде сè, само не лесно. Има денови кога сте презаситени од сè, кога вашата добра волја е скриена некаде. Но, има еден трик што често го забораваме, а тоа е смеата. Нема да реши сè, но навистина може многу да помогне.

И не мора да бидете стендап комичар за да го натерате вашето дете да се чувствува топло и поврзано. Всушност, истражувањата покажуваат дека децата ги гледаат родителите кои знаат да се опуштат и да се смеат како поблиски, потопли и емоционално подостапни. Плус, хуморот може да ја намали тензијата, да помогне со фрустрацијата и да го сврти денот кога не оди добро.

Ако се прашувате како да го вметнете во хаотичните семејни денови, еве три едноставни начини.

Играјте и бидете блесави (барем малку)

Не мора да имате цел сценарио, само препуштете се. Дозволете му на вашето дете да ја води играта, да измисли приказна, можеби сте робот, потоа куче, па вонземјанин. Смеата доаѓа кога ќе се опуштите и ќе ја напуштите контролата. И знаете што? Ќе ви годи и вам.

Смејте се на себе и дозволете му на вашето дете да ви се смее вам

Звучи чудно? Всушност е многу ослободувачки. Облечете различни чорапи, правете смешна гримаса, „збунете се“ намерно, тоа е урнебесно за децата. И патем, им покажувате дека е во ред да прават грешки, да бидат смешни, да не бидат совршени.

Не е секогаш време за шегување и тоа е во ред

Хуморот не значи игнорирање на емоциите. Вашето дете треба да почувствува дека го слушате и разбирате. Но, токму затоа смеата може да ви донесе олеснување кога ќе почнат нападите на бес, кога сте целосно уморни или кога нешто ќе тргне наопаку. Мал смешен момент може да ви го спаси денот.