30 минути трчање или 10.000 чекори? Што е подобро за слабеење?

Најмалку 10.000 чекори дневно долго време се сметаше за идеален начин да се намали ризикот од

болести и да се биде здрав и фит.

Една нова студија сугерира дека другите видови тренинзи, наместо 10.000 чекори, може да ги имаат

истите ефекти врз губење на тежината, подолг живот и помал ризик од срцеви заболувања.

Речиси 15.000 здрави жени на возраст над 62 години учествувале во четиригодишното

истражување, а секоја од нив носела уред за мерење на нивоата на активност и секоја година

пополнувала здравствен прашалник во кој одговарала на прашања за тоа дали пуши, пие, давале

информации за нивната висина, тежина, менопауза и лична семејна медицинска историја.

Тим експерти откриле дека жените кои пешачат од 8.000 до 8.500 чекори дневно го намалуваат

ризикот од срцеви заболувања за 40 отсто, во споредба со оние кои оделе околу 3.000 чекори

дневно.

Уште повеќе, тие откриле дека 75 минути вежбање дневно го имаат истиот ефект – што укажува

дека броењето чекори може да биде непотребно.

Д-р Рикута Хамаја, главен автор на студијата и истражувач во Одделот за превентивна медицина во

Бригам и Женската болница, рекол: „За некои, особено за помладите поединци, вежбањето може

да вклучува активности како што се тенис, фудбал, одење или џогирање, а сето тоа може лесно да

биде следено со чекори.

„Сепак, за други тоа може да се состои од возење велосипед или пливање, каде што времетраењето на вежбата е поедноставно.

Затоа е важно упатствата за физичка активност да понудат повеќе начини за постигнување цели“.

„Секој од нас избира различен начин на движење и речиси сите форми се корисни за нашето здравје“.

Истражувањето траело од 2011 до 2015 година, а тимот ги следел жените до крајот на 2022 година,

пишува DailyMail.

Учесниците биле поделени врз основа на времето што го поминале во вежбање или бројот на

чекори што ги правеле.

Тимот открил дека оние кои поминувале најмногу време (околу 200 минути) вежбајќи или

пешачеле најмногу чекори (околу 8.000 до 8.500) го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и

смрт до 40 отсто во споредба со оние со најнизок процент (девет до 12 минути вежбање или околу

2.800 до 3.000 чекори).

Девет отсто од учесниците кои тренирале 62 минути неделно и правеле 5.183 чекори дневно

починале до 2022 година, а четири отсто од нив развиле срцеви заболувања.

„Наодите сугерираат дека пациентите можат да направат избор за тоа колку чекори ќе направат

или колку долго ќе вежбаат за да го намалат ризикот од смрт или кардиоваскуларни болести“,

напишале истражувачите.

Сепак, важно е да се нагласи дека ова истражување било набљудувачко, така што наодите не можат да се потврдат.

пешачењеслабеењеџогинг