Кога ќе се роди бебе, секогаш има изненадувања. Џенсен Бредшо, мајка на три девојчиња и блогерка, доживеала големо изненадување.
За неа и нејзиниот сопруг, едно од најголемите изненадувања со нивното второ бебе било нејзината црвена коса. Од првите денови луѓето постојано ги прашувале „Дали нејзината коса е црвена?“. И како што растела, таа станувала сè поцрвена и поцрвена.
„Бидејќи ниту мојот сопруг ниту јас немаме црвена коса, не се подготвивме за тоа како е да се има дете со црвена коса“, вели таа.
Ако ви се случило да го добиете „родителскиот џекпот“ и да добиете „мало црвенокосо“, еве неколку совети кои Џенсен Бредшо ги сподели на Mom.me.
Постојано ќе го коментираат
Секогаш кога ќе излеземе, гарантирам дека некој ќе коментира (споделете ја својата приказна за црвената коса без разлика дали станува збор за дете, внуче или правнуче). Ако бебињата се извор на лесен разговор, бебињата со црвена коса се двојно повеќе.
Не можете да погрешите со заштитата од сонце
Сите членови на нашето семејство на почетокот се големи љубители на капи/очила за сонце/заштита од сонце. Но, „црвената глава“ е особено чувствителна и ако случајно не нанесете заштитна крема на кожата, заборавите да понесете капа на патувањето, ќе се чувствувате многу виновни кога кожата на вашето дете ќе изгледа како бојата на неговата коса.
Црвенокосите се „потешки“ за облекување
Мојата најстара ќерка е русокоса и повеќето бои ѝ прилегаат прилично добро. Но, црвената коса во комбинација со бледата кожа го отежнува наоѓањето на вистинските бои.
Има одредена вистина во тој црвенокос стереотип
Нашата мала црвенокоса најчесто е многу слатко девојче. Но, ако ја искарате таа ќе ви каже дека е несреќна. Сто пати потврдоглава е од нејзината сестра.
Ако не сте црвенокоси, сите ќе ве прашаат од каде му е на детето таа коса
Мојата снаа има прекрасна кадрава црвена коса и неколку мои братучеди се исто така црвенокоси, но бидејќи јас и мојот сопруг не сме црвенокоси, сите сакаат да знаат од каде е таа црвена коса. (Исто така таа снаа ми има шест деца и сите се русокоси).
Шармот на постоењето на црвенокосите деца нема никогаш да избледи
Скоро секој ден се фаќам себеси како се восхитувам на тоа колку е симпатична таа коса.