7 болести кои можат да ви ги пренесат вашите миленици

Ако имате домашно милениче, тоа секако секојдневно ви носи насмевка на лицето. Без разлика дали се работи за вашата риба во аквариумот, за мачка или за куче, милениците ви го креваат расположението и со нив споделувате многу моменти кои вечно ќе ги паметите.

Сепак, исто така е важно да се знае дека домашните миленици можат да ни пренесат некои болести. Еве седум заразни болести со кои можете да се заразите од вашето сакано милениче:

Хелминтијаза

Можеби не сте ни свесни, но можете да добиете црви од вашите миленици.

Овие црви живеат во дигестивниот тракт како паразити, а вие може да се заразите доколку дојдете во контакт со столицата на заразеното животно. Многу пати животните ги инфицираат луѓето кои одат боси. Црвите можат незабележано да се вовлечат под вашата кожа.

Може да се спречи со редовно давање на таблети против црви и тенија на вашите миленици. Најчесто се манифестира со симптоми од дигестивниот систем (дијареа, повраќање).

Со продолжена инвазија предизвикуваат анемија и кај луѓето и кај животните.

Болест од мачја гребаница

Дури 40 отсто од мачките ги носат бактериите што ја предизвикуваат таа инфекција.

Тоа е болест која припаѓа на родот Rickettsia и паразитира на црвените крвни зрнца (еритроцити). На овој начин ги уништува црвените крвни зрнца што доведува до анемија.

Луѓето може да се заразат откако мачка ќе ги касне, ќе ги изгребе или ќе им излиже отворена рана.

Децата најчесто се заразуваат со хемобартонелоза поради поголема изложеност на гребаници од мачки и послаб имунитет (при играње со мачката).

Сè уште не е точно познато како мачките добиваат хемобартонела и зошто некои мачки ја имаат, а некои не (се смета дека е почеста кај мачките кои имале потешка наезда од болви).

Кај децата болеста се манифестира со висока температура и зголемени лимфни јазли (симптоми слични на грип).

Понекогаш откако ќе ве изгребе мачка, раната може да отече и да поцрвени. Може да почувствувате и благи симптоми слични на грип, но болеста може да биде многу посериозна. Се лекува со антибиотици.

За да спречите инфекција, внимавајте кога си играте со вашата мачка да не ве изгребе или касне. Ако забележите некои ситни гребнатини што се појавуваат откако ќе поминете време со вашата мачка, веднаш измијте ги со топла вода и сапун.

Токсоплазмоза

Оваа болест се јавува кога луѓето се инфицираат со микроскопски паразит кој е вообичаен кај животните, особено кај мачките. Болеста може да предизвика благи симптоми слични на грип, но може да има и многу посериозни компликации доколку се зарази трудница.

Кај луѓе со ослабен имунолошки систем, може да предизвика менингоенцефалитис.

Хигиената на рацете и животната средина се неопходни за да се спречи инфекција.

Може да се пренесе и преку контаминирано сирово месо загадено со спори на паразити. Температура од 67 степени го уништува.

Луѓето кои претходно биле во контакт со мачки заразени со токсоплазмоза се поотпорни на инфекција бидејќи имаат антитела во крвта.

Редовно чистете гопесокот на мачката и користете ракавици кога го правите тоа.

Избегнувајте директен контакт со животински измет.

Дополнително, измијте ги рацете и кога работите во градината.

Салмонела
Иако вообичаено се смета дека оваа болест можеме да ја добиеме само од недоволно зготвена храна, малкумина знаат дека можеме да ја добиеме и од животните во куќата.
Салмонелата е вид на бактерија која живее во дигестивниот тракт. Животните можат да бидат заразени со салмонела, а сепак да изгледаат здрави и да се однесуваат нормално.

Сепак, заразено животно ќе ја пренесе бактеријата преку фекален пат. Покрај тоа, тие можат да заразат други делови од нивното тело, како што се влакната, па личноста која е во контакт со животното може да се зарази.

Ако не ги миете рацете по контакт со заразено животно, лесно може да се заразите. За да го намалите ризикот од инфекција, измијте ги рацете темелно.

Лишај на кожата (ringworm)

Ова е најчеста габична болест кај повеќето луѓе. Инфекцијата може да ја добиете, на пример, во базени, но и од заразени животни.

За рано да ја забележите, побарајте типичен црвен круг со потемна надворешна страна. Покрај тоа, оваа инфекција е често придружена со силно чешање, а може да се формира и мал меур.

Се шири преку контакт со заразено животно и преку контаминирани (заразени) предмети

. Лезиите што се развиваат се појавуваат како црвени, тркалезни области без влакна (1-4 цм во дијаметар). Третманот е доста долг. Ако не се лекува, болеста напредува.

Лајмска болест (борелиоза)

Многу лесно можете да заболите од Лајмска болест од крлежите кои се прикачиле на вашите миленици. Крлежите обично се закачуваат на животните додека си играат или шетаат на отворени места како што се шуми или паркови и можат да се кријат на телото на вашето домашно милениче долго време.

Ако се заразите со Лајмска болест, може да почувствувате некои или воопшто никакви симптоми. Меѓутоа, ако најдете сомнителен осип на кожата, ако развиете треска и почувствувате болка во мускулите, веднаш побарајте лекарска помош.

За да се заштитите, избегнувајте да ги носите вашите миленици во висока, густа трева, особено во пролет и лето. Откако ќе играте на отворено, проверете го вашето домашно милениче дали има крлежи и направете го истото и со себе.

Беснило
Кога зборуваме за заразни болести кои вашите животни можат да ви ги пренесат, не можеме да го изоставиме беснилото.

Тоа е вирус кој го инфицира централниот нервен систем.

За да спречите беснило, редовно вакцинирајте ги вашите миленици и избегнувајте средби со диви животни.
Беснилото е смртоносно за луѓето и животните. Со оглед на неговата опасност по животот на луѓето и животните, доколку постои сомневање за беснило, се пристапува кон еутаназија на животното. Годишната вакцинација е законски регулирана. Иако урбаното беснило не е регистрирано многу години, болеста носи премногу ризик за да не биде сериозно сфатена.

Текстот е од ТУКА.

болестидомашни миленицисовети