75-годишна баба гордо носи проѕирна облека и им пркоси на предрасудите: „Јаки сме, не сме невидливи“ (ВИДЕО)

Многумина се поддржувачи на ставот дека екстравагантниот стил на облекување, шминкањето и фризурата им припаѓаат на помладите генерации, а дека модниот израз треба да се редуцира како што влегуваме во подоцнежните години.

Меѓутоа, на една 75-годишна дама не ѝ паѓа на памет да се осврнува на критиките на околината и гордо го носи својот стил, кој вклучува проѕирна облека и тешка шминка.

Нејзиното име е Колин Хајделман и сè уште работи како модел. Таа вели дека навистина ѝ пречи тоа што често слуша коментари од типот: „Треба да се облекуваш според годините“.

„Ние сме силни, не сме невидливи“

@colleen_heidemann

“I must be one of the luckiest women in the world❣️” were EXACTLY the words I was thinking the moment this picture was taken!! Before looking upward, I scanned over the incredible setting before me to see a group of the most supportively talented, lovingly generous artists with whom I had ever worked❣️ It is true that emotions do especially surge at this time of life-never will I apologize for this-but the immeasurable and extraordinary impact which is brought to one when the insurmountable pleasure of being with people you may have not known before but now will hold a place in your heart forever, has so instantly taken place. The power of such an occurrence is one of life’s greatest treasures and I SO SINCERELY THANK ALL, THAT DAY, THAT SECOND FOR THIS JOY AND PRIVILEGE I AM ABLE TO FEEL AGAIN THIS VERY MOMENT❤️❤️❤️ . ‘SUPREME’ for L’Officiel Liechtenstein Photographer Alena Saz Makeup artist Iris Moreau Hair Stylist Doug Mengert Wardrobe Stylist Alexis Fallon Cinematographer Sal Fuentes . #fashioneditorial #fashionover70 #maturemodel

♬ Back To Black – Amy Winehouse

Вели дека таквиот однос кон постарите ѝ пречи.

Ние сме силни. Не сме невидливи. На мои години се облекувам како сакам – коментира таа.

Имам над 70 години и носам проѕирни фустани. Одбивам да бидам невидлива само затоа што сум постара – додава таа и гордо се шета во долг, лелеав, проѕирен фустан кој одлично ѝ стои.

Таа верува дека „различните вкусови, преференции и возрасти го прават овој свет фасцинантно и интересно место за живеење“.

Слободата да се облечеш како што сакаш, да бидеш тоа што си, ти припаѓа тебе – вели таа и наиде на одобрување од многумина кои исто така не ја разбираат потребата на поединците да ги вклопуваат другите луѓе во наметнатите норми и калапи.

Таа често покажува како изгледа без шминка и инспирира многумина

Нејзините објави на ТикТок предизвикаа низа позитивни коментари, пишува The Sun.

Инаку, Колин често се наоѓа на страниците на списанијата или веб порталите токму поради нејзината неисцрпна животна енергија.

Не се срами од годините, па често покажува како изгледа без воопшто шминка и покажува како изгледа пред и по трансформацијата во дива.

Иако има 75 години, таа не се откажува од манекенската работа, се грижи за себе, редовно вежба и гордо покажува колку добро изгледа. Таа е инспирација за многумина.