9 месеци стерилизирање шишиња за да заврши правејќи го ова!

Мајката Бека Гринвел Ватен споделила видео од својот син на профилот на Инстаграм и решила да се пошегува. Оваа мајка, како и многу други родители, редовно стерилизирала шишиња во текот на првата година од животот на своето дете за да бидат безбедни за нејзиното дете, а сега кога е тоа малку поголемо и кога го гледа што прави, едноставно ѝ е смешно колку се трудела околу стерилизирањето.

Гринвел Ватен успеала да го сними својот син како се обидува да се напие водата што капела по полевањето на цвеќињата и решила да го сподели хумористичното видео. Таа напишала во описот: „Девет месеци стерилизирање шишиња само за да го направи ова“.

Други родители кои доживеале слични ситуации со своите деца се согласиле со оваа мајка.

„Првиот пат кога се обиде да стави земја во уста, го запрев. По десеттиот пат, повеќе не можев да го правам тоа“, напишала една мајка.

„Јас сум воспитувачка во градинка и има едно момче кое сè лиже и става во уста. Никогаш не е болен и секогаш е во градинка!“, додала друга корисничка.

„Најлошото нешто што го доживеав со мојот син беше кога го видов како ги лиже ѓоновите на патиките откако се вративме од продавница. И не, ништо не му се случи“, додала трета.

водадецастерилизирање