Ако детето се најде на мета на киднапери: Нека вика, нека гребе, тоа е најдобрата одбрана

Страшно е дури и да помислите на можноста некој да ви го киднапира детето. Дали децата можат да направат нешто во такви ситуации? Првиот чекор е детето да научи вештини за самозаштита, т.е. да научи да препознава опасност навреме, а во опасност го доведува разговор со непознати луѓе, двоење од врсниците, менување на добро познатата маршута по враќањето од училиште, неинформирање на родителите за активности после училиште.

Голем извор на опасност се и луѓето кои ги искушуваат децата со „атрактивни работи“, како слатки, а со кои децата не смеат да стапат во контакт. Препознавањето на опасностите за жал не значи целосна заштита од нив. Доколку се најде во ризична ситуација, детето мора да го направи следново.
„Мора да му биде јасно на детето дека секогаш може да реагира кога се чувствува загрозено, дека има право на тоа, дека може да гребе, да гризе, да вреска, да скока, да удира во оној кој ја загрозува неговата безбедност“, објаснува психологот Радмила Грујичиќ.

Дека таквото однесување може да биде излез, тврди и д-р Милица Мачкиќ, инструкторка за самоодбрана за жени, која меѓу своите ученици има и деца на возраст од пет години.

„Викањето и довикувањето на децата им е единствената самоодбрана. Од друга страна, мајките можат да обезбедат и конкретни одбранбени мерки, како што е удирање со лакт по главата или клоцање на коленото на напаѓачот. Сепак, киднаперите секогаш имаат предност. Тие го избираат местото и времето на нападот, како и жртвите. Затоа, најдобар начин мајките да се одбранат е со викање да го привлечат вниманието на јавноста“, вели д-р Мачкиќ.

Ако киднапирањето се случи на оддалечена улица, мајката мора веднаш да ја напушти и да стигне на отворен простор.
„Никогаш не трчајте по киднаперите, туку побарајте помош, што е можно поскоро, од полицијата и од доверлива личност“, додава инструкторката.

Сè додека постои можност за киднапирање и ниедно дете не е заштитено од тоа, неговата сериозност не смее да се намалува.

Превентивни мерки
Бидејќи ниту едно дете не е 100% заштитено од киднапирање, важноста на превенцијата се зголемува. Важно е детето никогаш да не е само, да е или во друштво на возрасни или во група со други деца.

Значаен чекор во превенцијата е организирањето на цивилното општество. Во случај на киднапирање, тоа организирање е задача на родителите кои во договор со училишните одбори треба да направат распоред за дежурства во училишните дворови и со тоа секој ден од учебната година да го покријат со обезбедување. Организирањето подразбира уште еден начин на заштита на училиштата и градинките, односно нивно службено обезбедување.

Што помага ако киднапирањето сепак се случи
„Киднапирањето е повеќе од сериозна работа, но таа сериозност бара и сериозно однесување од страна на детето, што може да биде преголема задача за него. Важно е во тие моменти да се труди да остане присебно, колку што може, да не предизвикува ризични ситуации, да се обиде да запомни што е можно повеќе детали, што повеќе карактеристики на киднаперот, карактеристиките на местото каде што е одведено.

Оваа информација може да му помогне во случај да успее да побегне и е од голема помош по киднапирањето додека трае потрагата по киднаперите“, додава психологот.