Ако сте го поминале терминот за породување, јадете ананас!

Покрај тоа што е вкусно и здраво овошје полно со влакна, витамини и биоактивни соединенија, ананасот содржи и ензим наречен бромелаин. Се верува дека помага во омекнување на грлото на матката и стимулирање на контракции, пренесува Very Well Family. Токму затоа често слушаме дека една од препораките за трудниците кои го поминале терминот е да јадат што повеќе ананас.

Сепак, д-р Стефани Хек вели дека оваа врска помеѓу бромелаинот и грлото на матката не е докажана. „Некои анегдотски докази сугерираат дека ананасот може да помогне при породувањето, но нема цврсти докази дека тоа е всушност така. Се смета дека ензимот бромелаин помага во омекнување на грлото на матката, но не постојат научни докази за да се поддржи ова тврдење“, објаснува Хак.

Според една неодамнешна студија спроведена на стаорци, научниците заклучиле дека ананасот навистина може да предизвика контракции на матката. Сепак, ова истражување е спроведено со ставање парчиња ананас на мускулите на матката на стаорци и не е тестирано на луѓе, објаснува медицинската сестра Лизел Тин.

ананасбромелаинпородување