Асел и Камила Калаганови се родени во исто семејство со 12 години разлика и двете се албиноси!
Камила има две, а нејзината постара сестра Асел има 14 години.
Но, тие не се единствените деца во семејството; нивниот брат Алдијар има осум години, а момчето има поконвенционален казахстански изглед.
„Луѓето се изненадени што сме албино луѓе“, вели Асел и додава дека многу луѓе сѐ уште и не знаат што се тоа албиноси.
Нејзината мајка, Ајман Саркитов, исто така многу се изненадила кога го видела девојчето што го донела на овој свет. Изненадени биле дури и лекарите. Отпрвин, тие дури и пројавиле сомнеж дека таткото на девојчето е етнички Русин.
Кога Асел имала десет години, започнала кариера на фотомодел, а сега, по пристигнувањето на Камила и нивните неверојатни семејни фотографии, има уште поголем интерес околу тинејџерката која моментално има 33 илјади следбеници.
„Кога ја родив првата ќерка, генетиката не беше толку развиена кај нас“, вели мајката. „Се развива дури сега“.
„Докторите беа шокирани и мислеа дека е Русинка. Потоа почнав да читам за оваа работа, дознав дека моите деца се албиноси“
„На самиот почеток сите беа шокирани, изненадени. Не знаев што да правам, како да живеам“.
На крајот, Ајман дознала дека некои од нејзините претци биле албиноси.
Според Националната организација за албинизам и хипопигментација, повеќето луѓе со албинизам имаат светол тен, па затоа е важно да избегнуваат оштетување на кожата и очите од сонцето. Девојките го знаат ова и преземаат мерки на претпазливост. „Ако одам надвор попладне, тогаш дефинитивно ставам крема за сончање, облекувам облека за да ја заштитам кожата, ја покривам главата или користам чадор“, објаснува Асел. „Навечер, кога речиси и да нема сонце, ми е многу полесно“.
Кога била помлада, Асел посетувала специјално училиште за хендикепирани деца. Подоцна, сепак, се префрлила во редовно училиште.
„Таа одлично учи“, вели нејзината мајка. „Албиносите не се разликуваат многу од другите деца, освен по нивната коса, трепките, очите и бојата на кожата“.
„На почетокот беше тешко, се разбира, децата зјапаа во неа. Сега таа се чувствува добро, не ја ограничуваме за ништо“.
Ајман вели дека кожата на нејзиниот син изгледа токму како на неговиот татко: „Тој е со темен тен, вистински Казахстанец“.
Алдијар немаше никакви прашања за неговата постара сестра, но почна да ги крева веѓите откако се роди втората. „Почна да вели: „Мамо, зошто се такви? Зошто не сум како нив, зошто не сум како моите сестри?’“
Ајман му ги дала на синот сите одговори и сега дефинитивно своето семејство го гледа како едно. „Тој сфаќа дека луѓето ги гледаат девојките, па дури и почнува да се фали, гордо кажувајќи им на луѓето за неговите уникатни сестри“.