Американка дознала дека ќе има бебе само неколку часа пред пораѓањето

Ники Гарлик и нејзиниот сопруг Келси, од американската сојузна држава Илиноис, дознале дека чекаат бебе само неколку часа пред пораѓањето.

По речиси една деценија обиди да забременат, Ники Гарлик и нејзиниот сопруг Келси го дочекале своето прво дете на почетокот на овој месец – но среќниот момент дошол само неколку часа откако Ники дознала дека е бремена.

Ники го родила синот Чарли, кратко по полноќ утрото на 2 февруари во болницата Northwestern Medicine Central DuPage во Винфилд, Илиноис. Тоа било големо изненадување со оглед на тоа што двајцата се соочувале со тешкотии во врска со зачнувањето откако се венчале во 2014 година и претпоставувале дека тој ден никогаш нема да дојде.

Во меѓувреме тие одлучиле да посвојат две деца кои сега имаат четири и шест години. Меѓутоа, Ники ненадејно се породила на почетокот на овој месец. Го добиле и синот Чарли.Ники работи како учителка, а на 1 февруари, за време на час, добила болки. Побарала лекарска помош и како што вели, така таа и сопругот дознале дека е бремена во 34 недела.

„Бев дома и ги чував нашите две деца кои ги посвоивме. Ники ми ја кажа добрата вест. Бев шокиран кога ми кажа дека е речиси во деветтиот месец од бременоста“, изјавил Келси за списанието „Пипл“.

Породувањето одело тешко и лекарите морале да направат царски рез бидејќи имало опасност Ники да доживее мозочен удар и бебето можело да умре. Ссепак, сѐ завршило добро.

Двојката, инаку, мора да собира и пари преку донации на страницата „GoFundMe“, оти Ники нема платено породилно отсуство, а сѐ уште заздравува од операцијата.

deteбременостнеплодност