На почетокот на новата учебна година на социјалните мрежи се прошири објава на непознат автор кој ги повикува родителите „да седнат со своите деца на пет минути и да им објаснат неколку важни работи“.
Текстот го пренесуваме во целост подолу.
„Објаснете му на детето дека тоа што е некој многу висок, низок, буцмаст, слаб или со која било друга боја на кожа не е причина за потсмев.
Истото важи и ако ученикот носи исти чевли секој ден, има стари работи или работи кои не се во мода.
Објаснете им дека користениот ранец ги носи истите соништа како и новиот.
„Ве молам, научете ги да не исклучуваат никого затоа што е „различен“ или затоа што ги нема истите можности што ги имаат вашите деца.
Одлично е ако вашите деца имаат џепарлак со кој можат да си дозволат многу работи, но научете ги дека другите деца тоа можеби го немаат и дека споделувањето со другите е благородна работа.
Објаснете им дека задевањето и малтретирањето болат и дека на училиште одат за да учат, а не за да се натпреваруваат со другите.
Образованието и воспитувањето почнуваат од дома“.