Лабораторијата „Авицена“ го донесе на македонскиот пазар најсеопфатниот неинвазивен пренатален тест од најновата генерација ‒ VERAgene, кој нуди пренатална анализа на микроделеции, анеуплоидии и 100 моногенетски заболувања кај плодот за време на бременоста.
VERAgene има супериорни перформанси во споредба со останатите неинвазивни пренатални тестови што се достапни на нашиот пазар, а претставува единствен скрининг тест што ги вклучува двајцата родители и што детектира над 100 моногенетски болести.
Моногенетските болести за кои се врши скрининг тестот VERAgene често се поврзуваат со тешки состојби и со значително влијание врз квалитетот на животот. Најчесто се манифестираат со симптоми, како што се вродени аномалии, доцнење во развојот, губење на слухот, слепило, метаболички нарушувања и многу други.
Неинвазивните пренатални тестови се присутни повеќе години во нашата држава, а сè повеќе трудници се одлучуваат на овој начин да добијат информации за здравјето на своето бебе. Овој скрининг метод може да помогне да се избегнат инвазивните процедури, како што е аминоцентезата и истовремено даваат точни одговори на многу прашања што ги мачат сите идни мајки.
Пренаталните тестови се, пред сè, многу удобни за трудницата и, што е најважно ‒ тие се целосно безбедни и за мајката и за бебето. Од исклучително мал примерок од венската крв на мајката, со анализа на ДНК на бебето што циркулира во крвта на мајката, може точно да се процени здравствената состојба на бебето во најраната фаза од бременоста.
– Со VERAgene отвораме ново поглавје во пренаталниот скрининг, бидејќи со користење нова генерација генетско секвенционирање и биоинформатичка анализа се откриваат потенцијални генетски мутации кај родителите што може да се пренесат на плодот за време на бременоста. Моментално на нашиот пазар, тестот претставува најсеопфатно решение за идните родители. Може да го направи секоја трудница почнувајќи од десеттата недела на бременоста, а потребно е само да ги посетат нашите лаборатории, каде што нашиот стручен тим ќе земе примерок крв од мајката и брис од биолошкиот татко. Прикладен е за близначка бременост, како и за бремености по пат на вештачко оплодување – велат од лабораторијата „Авицена“.
Резултатите од VERAgene, трудниците може да ги очекуваат за 7 работни дена и може лично да ги подигнат во „Авицена лабораторија“.
За подетални информации во врска со тестот, посетете ја веб-страницата на „Авицена лабораторија“ www.avicenalab.com.mk.