Балерина Капучина, Бомбардиро Крокодило: Децата се воодушевуваат, стручњаците предупредуваат

Балерина Капучина, Тралалеро Тралала, Бомбардиро Крокодило – тие се комбинација од навидум некомпатибилни работи: тело на девојка, а наместо глава, шолја кафе, плишана ајкула со три нозе во патики, авион со глава на крокодил. Околу дваесет други вакви ликови станаа омилени херои за децата низ целиот свет. Што е феноменот феноменот „брејн рота“ и како влијае на децата?

Д-р Светислав Митровиќ, специјалист по психијатрија од Институтот за ментално здравје во Србија, го гледа овој тренд како проблем на недостатокот на креативност во оваа содржина и дека таа не придонесува за когнитивниот развој на децата.

– Ликовите во тие клипови не личат на хуманоидни ликови, туку на некаков вид креација што е некомпатибилна, како ајкула во чизми, што е дури и гротескно, но децата не се свесни за тоа. Тие се привлечени од бои, движења, необичност, а децата сакаат да прифаќаат нови работи од љубопитност. Ако и другите деца го сакаат тоа, тогаш станува тренд – изјавил Митровиќ за РТС.рс.

Од друга страна, старите цртани филмови, како што се Том и Џери, имаа многу насилство, но не се гледаше на тој начин.

– Таа порака преживеа, но сега е на многу повисоко ниво. Претходно, децата можеа да ја видат на телевизија и во одредени периоди, сега децата кликнуваат на своите телефони во секој момент и им се појавува таква гротескна содржина – вели Митровиќ.

Тој се осврна и на аспектот дека ликовите од клиповите „брејн рота“ се создадени од вештачка интелигенција.

– ВИ може да биде многу корисна. Во исто време, ако ваквите креации се објавуваат на овој начин и им се дозволува да влијаат на младите луѓе, така што тие немаат никакви информации, туку повторуваат и гледаат работи што не ги учат ништо и не ги развиваат креативно, тогаш ова станува проблем – истакнува експертот.

Според него, ова може да доведе до застој во развојот во однос на она што би се очекувало за нивната возраст.

– Родителите треба да знаат што значи таква забава, како изгледа и да се консултираат со експерти за тоа како може да влијае на дете кое има три, пет или седум години – додава Митровиќ.

Дигиталните технологии и содржини постојано ќе се развиваат, но контролата врз ова на системско, но и на семејно ниво е неопходна. Родителите, како што вели тој, имаат тука голема улога.

Брејн роталикови