Бебе на концерт? Зошто да не, не се пропушта Дeпеш Мод, нели?

На концертот на Депеш Мод, во полната Арена Загреб се појавиле и млади родители со две деца. Ова за Јутарњи лист го пријавила читателка која испратила и фотографии од момче на околу тригодишна возраст и бебе старо неколку месеци. Бебето било во марама на градите на мајка си и исто како и неговиот постар брат имало слушалки на ушите.

И додека психолозите сметаат дека не постои возрасна граница кога детето може да се носи на концерт и не сакаат да им судат на родителите, педијатарката Ива Хојсак, заменик директор на Клиниката за детски болести во Загреб, вели дека изложувањето на толкава бучава, гужви, зачаден и загушлив простор апсолутно не е правилно.

„Прашање е дали слушалките биле правилно поставени, а премногу бучава може да го оштети слухот. Понатаму, светлосните ефекти не се добри бидејќи кај епилептичарите може да доведат до напади. Кај толку мали деца не е ни можно да се знае дали имаат такви болести. А што ако имало гужва или стампедо“, рекла педијатарката во изјава за „Јутарњи лист“ и предупредила дека во тоа време новороденчето треба да спие и да создава рутина кога е ноќ, а кога е ден.

При продажбата на билетите за концертот на популарната група во Загреб, било наведено дека „билетите се потребни за сите постари од 2 години, а децата до 14 години можат да влезат само доколку се придружувани од возрасен“.

Концертот не се препорачува за деца под 12 години, била напомената од организаторот.

Фотографии од бебето на концертот можете да погледнете овде.

бебеДепеш МодЗагребконцертродители
Comments (1)
Add Comment