Малите дела на големите луѓе го прават светот поубаво место за живеење, особено за оние кои носат нов живот во себе. Зоран Фофиќ, сопственикот на пекарата „Домашна пита фофа“ е еден од оние големи луѓе, кој веќе петнаесетина години на трудниците им дава бесплатни пити направени по домашен рецепт, а како што вели, додека е жив, нема да ја прекине оваа традиција.
Зоран Фофиќ започнал со оваа пракса сосема случајно, кога пред петнаесет години во неговата белградска пекара влегла трудница која немала доволно пари да ја плати својата пита, а тој решил да направи добро дело и да им обезбеди на сите трудници бесплатен оброк.
Имено, неговата пекара 15 години дели бесплатни пити и буреци, а на плакатот внатре во зградата пишува: „Бесплатна пита за трудници“. Единственото нешто што треба да направите за возврат е да дадете симболичен подарок – фотографија од вашето бебе што ќе биде закачена на посебна табла.
„Пред десет години, една трудница дојде во пекарницата да купи пита. Забележав дека нема доволно пари, а за да не ја навредам, наеднаш реков дека трудниците тука не плаќаат. Нејзиното лице само заблеска! Не заради парите, туку заради самиот гест. Таа беше запрепастена, а поради реакцијата што ја предизвикав кај неа, решив дека ова правило во моите продавници ќе остане засекогаш“, раскажал пред неколку години Фофиќ за една српска телевизија.
Од овој настан па натаму, под слоганот „Веруваме на збор“, Зоран Фофиќ дели бесплатни пити за трудници.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]