Болничарка и мајка на две деца, Ники Јуркуц, ја споделила фотографијата на Инстаграм профилот на Tiny Hearts Education како важно предупредување до родителите.
Како што објаснува под објавата, на фотографијата се гледа кикиритка заглавена во душникот на детето, што резултира со негова смрт, а таа ја објави како важен потсетник за реалноста на гушењето кај малите деца.
„Малите сè уште ги немаат сите потребни заби и способност за зрело џвакање, поради што во семејството воведов правило кое строго забранува јадење цели јаткасти плодови“, објаснува Јуркуц, која додава дека освен јаткастите плодови, децата на возраст под пет години, исто така, не треба да јадат ниту семки, пуканки, гуми за џвакање, сирово овошје и зеленчук исечени на мали парчиња и виршли.