Брачен пар кој со години се борел со неплодност, добил петорки

Греам и Стефани Фрилс го започнале својот брак со големи соништа за создавање семејство. Полни со надеж и несвесни за препреките што ги носи животот, тие биле возбудени и сонувале дека ќе станат мајка и татко. Сепак, следела петгодишна битка со неплодноста.

Тие ги испробале сите конвенционални методи на зачнување и конечно се одлучиле за интраутерина инсеминација (IUI) со надеж дека тоа ќе им ја донесе среќата што толку ја посакувале.
Минатиот декември конечно дознале дека Стефани е бремена. Нивниот сон се остварил, но не можеле ни да замислат како ќе се одвиваат работите. Лекарите ги известиле идните родители дека не чекаат едно, туку пет деца.

Во 27-та недела Стефани почнала да чувствува болки во грбот, па на 3 јуни итно се упатиле во болница. На 4 јуни Стефани со итен царски рез родила пет бебиња.
Сите бебиња и мајката се фантастично и не би можеле да бидеме поблагодарни за сѐ“, објавила среќната двојка на Фејсбук.