Четири правила! Хрватска свекрва сподели рецепт за одлична врска со снаите

Односот меѓу свекрва и снаа често тргнува во погрешна насока уште на првата раскрсница. Со недоразбирање од едната или од двете страни, шансите за негова поправка не се ветувачки. Затоа е потребно уште од самиот почеток да се постават правила кои ќе ни овозможат пријатен заеднички соживот, па дури и заеднички живот. Една свекрва од Хрватска го споделила рецептот за нејзиниот успех. Го пренесуваме во целост.

Еве јас се приклучувам на приказните за свекрвите и снаите. Мислам дека овие приказни се пренадуени во секој поглед. Оние свекрви кои вистински ги сакаат своите снаи, не се интересни. Оние кои не ги сакаат, раскажуваат речиси измислени приказни, бидејќи само така можат да дојдат до израз и да бидат интересна тема за масите. Има малку луѓе кои се подготвени да го раскажат својот живот онаков каков што навистина е. Секој нешто додава или одзема, разубавува или оцрнува, криејќи се зад овие текстови.

Јас сум свекрва многу години. Не ги воспитав моите синови да бидам нивна „мајка кралица“. За време на нивното воспитување, јасно им кажав што значи да се биде „мајка“ и ги научив да ги почитуваат жените како еднакви човечки суштества. Немаше угодување и поткупување, немаше заобиколување на вистината. Отсекогаш знаеле дека во се има добар или лош избор. Кога беа доволно возрасни за да донесат одлука за тоа кој ќе им биде животен сопатник, јасно им кажав дека од нив зависи колку и како ќе се согласуваме.

Правило: Нема заеднички живот под ист покрив
Зошто би ѕиркала во тенџерето на снаа ми? Зошто да контролирам кога и како ги перела алиштата? Зошто треба да знам каде и кога одат некаде? Повелете синови мои, изградете си свое гнездо, колку и да ви е тешко.

Правило: Синови, нема кукање кога нешто не ви одговара
Ве молам, драги мои синови, сами решете ги проблемите со вашите сопруги. Нема да ви го зготвам омиленото јадење за да си ја смирите својата совест и за да ме мразат снаите. Не, благодарам! Како што ќе си постелете, така ќе си легнете. Нема криење зад скутот на мама.

Правило: Деца, имам право на мирен живот
Продолжете таму каде што јас застанав. Гответе им, перете ги, тешете ги, трпете ги нивните каприци и непослушност. Сами, драги мои снаи, запознајте ги вашите сопрузи (моите синови) и јас, ако сакате, со задоволство ќе ви ги откријам моите методи како да ги вразумите – ако нешто тргне наопаку.

Правило: снаи, јас сум на ваша страна
Јас сум свекрва која не е посесивна мајка и која знае дека нејзините снаи се нечии ќерки. Не мора да ме викате ниту „мама“ ниту „свекрва“. Викајте ме со моето име.

правиласвекрваснаа