Четири знаци дека вашето дете треба да оди на лекар во следните пет минути

Може да биде тешко за родителот да препознае кога детето треба да се однесе на лекар, а кога би било ова непотребно претерување. Затоа болничарката Ники Јуркуц ги сподели предупредувачките знаци за сериозна состојба која бара итна медицинска помош.

Епиглотисот е ретка инфекција на ткивото на епиглотисот, сместено под јазикот на задниот дел на грлото. Оваа состојба може да биде фатална бидејќи отечениот епиглотис го ограничува снабдувањето со кислород во белите дробови.

„Епиглотитисот треба да се сфати сериозно бидејќи може брзо да ги затвори дишните патишта на детето“, објаснила Јуркуц на нејзината страница на Инстаграм – Tiny Hearts Education.

Четири симптоми предупредуваат на епиглотитис: прекумерно лигавење, треска, силна болка во грлото и отежнато голтање.

„Не треба да се обидувате да го прегледате грлото на детето, да му ставате нешто во устата или да го легнете на грб бидејќи тоа може да ја влоши состојбата. Родителите исто така треба да се трудат да го држат своето дете мирно за да не биде вознемирено”, вели Јуркуц.

Состојбата често е предизвикана од бактериска инфекција и се шири на ист начин како што се шири вирусот на настинка или грип. Според Националната здравствена служба на Велика Британија, смртните случаи од епиглотитис се јавуваат кај околу еден од сто случаи.