Четиригодишно момче стана најмладиот член на Менса: Брои до 100 на шест јазици

Момче кое се научило да чита на две години стана најмладиот член на британската Менса. Четиригодишниот Теди Хобс може да брои до 100 на шест јазици, вклучувајќи го и мандаринскиот.

„Со гледање телевизија и слушање и копирање на звуците на гласовите, тој научи да чита на 26 месеци“, изјавила мајката на Теди, Бет Хобс за Би-Би-Си.
Еден ден неговите родители го слушнале како изговара зборови кои тие не ги разбирале. Зачудената мајка го прашала Теди што зборува, а тој ѝ открил дека брои на мандарински.

„Тој стана член на Менса на три години, што во моментов го прави најмладиот член на организацијата во Велика Британија. Почнува да разбира дека неговите пријатели сѐ уште не знаат да читаат, но сѐ уште не разбира зошто. Нам ни е важно да остане приземјен и да знае дека секое дете има индивидуални таленти“, додава мајката на малиот генијалец.

Менса прифаќа луѓе кои постигнале 98 проценти или повеќе на одобрен тест за интелигенција.

deteгенијалецМенса