Кога ќе им ставите во рацете стари електронски уреди на припадници на генерацијата З, или како што уште ги нарекуваат, зумери, резултатот е претежно ист – конфузија.
Токму тоа го покажува слаткото видео кое го објави хрватскиот портал Индекс, во кое им даваат задача на учениците да препознаат некогашни технолошки хитови како што се MP3 плеери, вокмени, касетофони и VHS касети.
Некои од студентите веднаш реагираа на првиот уред со претпоставка дека е MP3 плеер или нешто „за слушалки“, но едно момче исто така помисли дека е тест за бременост. Повеќето признаа дека никогаш не користеле такви уреди, иако слушнале за MP3.
Слично беше и со вокменот. Брзо сфатија дека уредот е поврзан со пуштање музика, но малкумина можеа да се сетат на неговото име. Дури по дополнителни прашања добивме несигурен одговор дека „можеби е некаков вокмен“.
Вистинската забава започнува кога се обидуваат да ја извадат касетата од пластичната кутија и да ја стават во вокменот.
Видете го видеото подолу: