Списанието „Мама“ открива дека 48 отсто од мајките од Шведска успеваат да имаат секс еднаш или двапати неделно, додека само четири отсто тврдат дека се интимни со своите партнери секој ден. Истражувањето кое пред неколку години го спровело ова шведско списание за мајки открило дека три од десет шведски мајки имаат секс со своите партнери додека нивните бебиња лежат во истиот кревет.
Мнозинството мајки во Шведска, 51 отсто, во истражувањето изјавиле дека имаат секс само еднаш или двапати месечно, а седум отсто од нив само еднаш или двапати годишно.
Секојдневните обврски во животот често им стојат на патот на мајките да ги реализираат своите сексуални соништа, покажало истражувањето.
„Би сакала почесто да преземам иницијатива, но често сум премногу уморна и немам енергија да започнам нешто. Сексуалниот нагон е тука, па ако мојот партнер иницира секс, јас сум ЗА“, изјавила 34-годишна мајка на три деца за магазинот „Мама“.
Во врска со тоа кога и каде шведските мајки имаат секс, истражувањето покажало дека огромното мнозинство – 90, односно 92 отсто – имаат секс навечер, во спалната соба.
Шведските мајки исто така рекле дека борбата за рамнотежа помеѓу работата и семејниот живот оставила малку време за долго водење љубов, а само еден процент имале секс кој траел еден час или повеќе.
Мнозинството, што е 65 отсто, рекле дека водат љубов од 15 до 30 минути.
Една од четири мајки од Шведска изјавила дека фантазира за неверство, додека 10 отсто рекле дека навистина го изневерувале партнерот.
Шведските мајки презентирале и неколку идеи за тоа како би сакале да го зачинат својот сексуален живот, за да не биде рутина.
„Нови пози, а не само во брзање. И да се случува на возбудливи места надвор“, вели 32-годишна мајка на две деца.
„Понекогаш повеќе треба да користиме секси играчки“, вели 36-годишна мајка на едно дете.
Истражувањето било базирано на одговорите на 663 мајки, од кои 92 отсто биле во брак или живееле со својот партнер.
За споредба, слична студија е спроведена во Америка во која 59 отсто од родителите изјавиле дека имаат секс додека бебето е во собата.