Според новото истражување, менструалните циклуси на жените воопшто не се усогласени со месечевите мени. Со децении, гуруата на алтернативното здравје тврдеа дека циклусите на Месечината влијаат на нашиот сон и затоа може да се користат за да се предвиди кога ќе ви дојде менструацијата. Но, ова е целосен мит, покажува новото истражување на европските научници, кое на социјалните мрежи го претстави специјалистот за плодност од Њујорк, д-р Стивен Палтер, пишува Дејли Мејл.
„Новото истражување, кое ќе биде објавено врз основа на повеќе од 300.000 анализирани менструални циклуси, покажува дека кај повеќето жени циклусите започнуваат во четврток или петок“, рече д-р Палтер во клипот објавен на неговиот канал на Тик-Ток, кадешто има 187.000 следбеници.
Д-р Палтер им покажа на гледачите интригантна табела која покажува дека повеќето од циклусите во примерокот започнале на еден од тие два дена. Исто така, најмалку е веројатно дека циклусите ќе почнат во вторник. Тој потоа објасни дека научниците анализирале и дали менструалните циклуси на жените се на некој начин поврзани со 28-дневниот лунарен циклус, како што долго време се сугерираше.
„Тоа всушност воопшто не е поврзано со полната месечина“, вели тој. „Лекарите кои се занимаваат со неплодноста мислат дека за повеќето жени првиот ден од менструацијата е кога има полна месечина, но тоа не е точно“. Како може првиот ден од менструацијата да е поврзан со ден во неделата?
Хипотезата, објаснува д-р Палтер, е дека тоа е поврзано со вашите обрасци на спиење, јадење и стрес. А, се верува дека стресните или понапорните денови се порано во неделата, во споредба со крајот, како што се наближува викендот.
Претходните студии покажале дека зголемениот стрес, кој исто така може да биде предизвикан од недостаток на сон, може да предизвика зголемување на нивото на хормонот кортизол, што ги попречува репродуктивните хормони кои одредуваат кога ќе добиете менструација. Д-р Палтер додал дека образецот е најсилен за жени со нормална должина или со подолги циклуси (28 дена +), а е помалку применлин кај оние со пократки циклуси.