Полека но сигурно пристигнува моментот на финалната средба. Вие, вашиот партнер и вашето бебе наскоро ќе станете семејство. Но, како што ќе ви каже секое ново семејство, не е сè толку едноставно како што може да изгледа на почетокот.
Една од најомилените теми меѓу новите родители е – погодувате – спиењето. Има безброј прашања на оваа тема. Каде треба да спие бебето? Колку долго треба да спие? Која е најмалата количина на сон на која човек може да функционира?
Сепак, помалку истражено прашање е дали вие и вашиот партнер треба да спиете одвоено откако ќе дојде бебето.
Вистината е дека не постои погрешен или точен одговор. Прашањето и одлуката за спиење во различни соби со партнерот зависи целосно од вас.
Меѓутоа, ако се двоумите, еве одредени предности и недостатоци кои ќе ви помогнат полесно да се одлучите за натамошните чекори.
Како да се донесе одлука?
Секоја одлука има потенцијални предности и недостатоци. Подолу има некои работи што треба да ги земете предвид пред вие и вашиот партнер да се одлучите што ќе правите кога ќе пристигне бебето.
Можни придобивки
Одделното спиење не е невообичаена одлука. Не е „чудно“ или „нездраво“ вие и вашиот партнер да спиете во посебни соби кога ќе дојде бебето. Имено, иако можеби ви звучи чудно, реалноста е дека многу новопечени семејства се одлучуваат на тоа. Доаѓањето на бебето во вашиот живот ќе промени многу работи, а начинот на кој спиете без сомнение ќе биде една од нив. За жал, бебињата не се раѓаат знаејќи ја разликата помеѓу денот и ноќта. Вие и вашиот партнер ќе најдете начин да се приспособите на вашата нова рутина за да спиете што е можно повеќе. И ако тоа значи спиење во посебни соби, сѐ додека тоа е од корист за вас и вашиот партнер и вашето бебе, навистина нема за што да се грижите!
Партнерот повеќе ќе спие
Едноставно, тоа е вистина. Спиењето во друга соба значи дека вашиот партнер ќе има поголеми шанси за непрекинат сон, а со тоа и подобар квалитет на одмор. А ако се претпостави дека е на работа во текот на денот, тоа може позитивно да влијае врз неговата продуктивност на работа, особено ако оди на работа рано наутро. Од друга страна, тој ќе има многу повеќе енергија кога се во прашање вашите и потребите на бебето и ќе може да ви помогне со вообичаените обврски дома.
Мајката и бебето можат да го усогласат својот сон
Сега сигурно размислувате: „Но, што е со мојот сон?!“ Приспособувањето на вашата рутина на шемата за спиење на вашето дете веројатно ќе резултира со подобар одмор и за вас. А ако вашиот партнер работи со полно работно време, спиењето во друга соба и за него ќе значи повеќе одмор. Особено ако вашето бебе е поактивно во текот на ноќта. На тој начин вие и вашето бебе можете да спиете кога треба, без да се грижите дали ќе ја нарушите рутината на вашиот партнер.
Можни недостатоци
Дали одвоеното спиење ќе ја намали одговорноста и вклученоста на мојот партнер?
Доцните ноќни хранење и потребата за гушкање се само некои од спонтаните причини зошто на вашето бебе секогаш ќе му треба некој во близина. И ако вашиот партнер спие во другата соба, може да резултира со чувство на недостиг на одговорност или учество, особено ако работи поголемиот дел од денот. Спиењето заедно и будењето во смени може да значи дека вие и вашиот партнер се чувствувате повеќе како тим. И иако ова може да значи помалку сон и двајца уморни родители, вие и вашиот партнер ќе се чувствувате во најмала рака – повеќе обединети.
Спиењето одвоено може (негативно) да влијае врз емоционалната интимност
Дали одделното спиење значи дека вие и вашиот партнер ќе се разделите емотивно, но и физички? Не мора да значи. Но, одредени написи сугерираат дека паровите кои спијат заедно почесто комуницираат, доживуваат поголема интимност и севкупно се чувствуваат емотивно поповрзани од паровите што не го прават тоа. Со доаѓањето на бебето, комуникацијата и емоционалната поддршка се клучни, а новиот додаток во вашите животи треба да ве зближи, а не повеќе да ве раздели. Раздвоеното спиење може да носи одредени ризици, особено ако вие и вашиот партнер не се гледате многу во текот на денот поради работа.