Кратко прашање: Колку телефонски броеви знаевте кога бевте млади? Веројатно сте имале ментален телефонски именик со сите фиксни броеви на вашите пријатели од детството. Следното прашање е колку телефонски броеви знаете напамет сега? Постои голема веројатност дека количината на меморирани броеви е значително намалена, според Џим Квик, признат „тренер“ за меморија и автор на книгата „Limitless: Upgrade Your Brain, Learn Anything Faster, and Unlock our Exceptional Life”. Со други зборови, можно е да имате таканаречена дигитална деменција. Но, не грижете се, не сте единствените со овој проблем. Тоа е современ феномен што, објаснува Квик, можете да го промените и поправите.
Што е дигитална деменција
Дигитална деменција е термин кој се користи за означување на штетното влијание на паметните уреди врз нашата меморија, односно кога нашите паметни уреди всушност не прават помалку паметни. Ни служат како еден вид надворешен уред за складирање податоци за да не мора да ја вежбаме нашата сопствена меморија – објаснува Квик.
Земете ги на пример гореспоменатите телефонски броеви: сега кога нашиот паметен телефон може да ги складира сите наши контакти, повеќе не треба да се обидуваме да ги запомниме броевите на луѓето со кои комуницираме – па и не го правиме тоа. Ова, на некој начин, не прави сè повеќе зависни од овие уреди. Можете да праќате пораки или да се јавите некому секој ден, но што ако вашиот мобилен телефон се потроши или заборавите да го земете со себе на работа? Би биле беспомошни!
Сепак, тоа не значи дека треба да го запомните секој број од вашата листа со контакти, но фактот дека ја изгубивме можноста да запомниме еден телефонски број, пин, лозинка или нешто слично треба да не загрижува. Технологијата е корисна, нема сомнеж за тоа, но тоа не значи дека не треба да ја вежбате вашата меморија барем одвреме навреме. Токму ова е причината зошто експертите советуваат повремено да ги користите скалите иако до вашето работно место или стан можете да стигнете со лифт – имено, секоја неактивност има своја цена.
Што можете да направите
Еве како можете да ја тренирате вашата меморија со едноставните совети на Џим Квик.
- Поврзете ги информациите со емоциите
Кога станува збор за нашата меморија, важно е да имаме мотив и цел да запомниме нешто. Тоа значи дека полесно можеме да запомниме како сме се чувствувале во врска со нешто, отколку самата информација – вели Квик, додавајќи дека затоа е корисно да се поврзат емоциите со информациите.
Запрашајте се „Зошто сакам да се сеќавам на ова? и дајте си некое објаснување, и тогаш ќе имате поголеми шанси да ја запомните таа информација.
- Нахранете го мозокот
Она што го јадете е многу важно за мозокот.
Вашиот мозок сочинува само два проценти од вкупната телесна тежина, но му требаат 20 проценти од хранливите материи што ги внесувате – објаснува Квик. А вистинските хранливи материи можат да ја поддржат когнитивната функција, невролошкото здравје и долговечноста на мозокот на различни начини. Докажано е дека некои хранливи материи, билни и биоактивни супстанции имаат клиничко значење за меморијата, потсетувањето на настаните и информациите, како и за учењето, обработката на информациите и когнитивните функции. Со други зборови, додатоците за меморија навистина функционираат, само треба да внимавате да ги изберете оние кои вклучуваат научно докажани ноотропни состојки, односно оние кои ја поддржуваат функцијата на мозокот во ефикасни дози и формулации.
3. Движете се
Кога вашето тело се движи, мозокот расте – вели Квик, а тоа е докажано со бројни студии. Истражувањата покажаа дека аеробната активност произведува нови неврони во хипокампусот, областа на мозокот поврзана со меморијата, учењето и емоциите. Со други зборови, кога слушате аудио книга и во исто време брзо одите, возите велосипед или изведувате некоја ритмичка вежба, навистина подобро ќе ги разберете и ќе ги задржите информациите што ги слушате – вели Квик, велејќи дека ако сакате да се подобри вашата меморија, треба да бидете физички активни.
[…] Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“. […]