Јунаците од детските анимирани филмови се првите херои со кои се среќаваат децата. Околу нив се вртат многу работи, дури и надвор од екранот. Склони сме да мислиме дека изгледот на тие јунаци многу влијаат на децата, особено кога станува збор за девојчињата и принцезите… Или?
Дали некогаш сте помислиле дека сите девојчиња сакаат да бидат принцези, а сите момчиња сакаат да бидат суперхерои? И кога ќе слушнеме дека некое момче сака да облече костум на Спајдермен, ни се допаѓа, но кога ќе помислиме дека малите девојчиња би можеле да се угледаат на принцезите на Дизни, ни се стемнува, особено кога ќе позмислиме на тоа колку се слаби. Но, се чини дека не треба да се плашиме поради тоа…
За време на истражувањето спроведено во Америка, експертите се обиделе да утврдат дали „големината“ на телото на секоја принцеза влијае на сликата на децата за себе, почитта кон нивните тела и начинот на однесување во играта. Зеле предвид и дека не се сите принцези исти, па ја вклучиле и Снежана, која е генерално слаба, но и Моана (Вајану), која е со просечна градба.
Тимот експерти открил, многу невообичаено, дека децата чија омилена принцеза била хероината на Дизни со просечна тежина, како што е Моана, всушност повеќе ги ценат своите тела една година подоцна и биле поотворени за различни видови игра без разлика на полот. Тоа, всушност, би било многу пофално. Од друга страна, девојчињата кои претпочитаат слаби принцези не ја смениле сликата за себе, ниту начинот на играње.
Вкупно 340 деца и нивните старатели учествувале во оваа студија за детскиот развој во однос на забавата, наречена Проект M.E.D.I.A. На 3-годишна возраст и повторно на 4-годишна возраст, старателите биле прашани колку нивните деца ги сакаат нивните тела и колку добро се чувствуваат во нив. Тие биле прашани и за детските традиционални машки или женски игри, врз основа на тоа кои играчки ги претпочитаат.
Не треба да размислувате премногу за да погодите која принцеза излезе на врвот. Елса од Снежното Кралство била апсолутна фаворитка со околу 53%, додека зад неа била Моана од истоимениот филм со околу 21% процент. Сепак, експертите забележале дека е важно да се има на ум дека причината зошто тие се поприсутни од, да речеме, Покахонтас или Бел, можеби е затоа што првите две се понови.
Важен показател бил и како децата си играле лажни принцези. Преправањето дека е Моана наместо Пепелашка, на пример, довело до вклучување во поактивна игра.
Резултатите неодамна биле објавени во списанието Psychology of Popular Media.
Д-р Бенџамин Нвосу, педијатриски ендокринолог од Њујорк, вели дека поактивните ликови за децата, исто така, се од голема корист за нивното физичко здравје.
„Важно е медиумите да покажуваат работи кои ќе ни помогнат како ендокринолози во борбата против дебелината кај децата. Сакаме да се прикажуваат активни модели“, рекол тој.