Дали проверувате што пребаруваат вашите деца на Интернет?

Иако е важно да знаете што прават вашите деца на интернет, нивното контролирање може да ве натера да зажалите. Тоа е она што ѝ се случило на една мајка која споделила видео на ТикТок кое покажува што открила откако ја пребарувала историјата на Google на нејзината осумгодишна ќерка.

Прво покажала невини резултати како „училишни материјали“, „кој месец е јуни“ и „кујнски прибор за седумгодишници“. Девојчето го барала и одговорот на прашањето „дали Бог е вистински“ како и „кутии за ужина“. Но, кон крајот мајката го нашла и прашањето: „Ако мајка ми е грда, дали и јас мора да бидам грда?“

Видеото собрало 1,1 милион прегледи и повеќето биле изненадени.

„Би се избезумила“, „Јас би плачела“, „После ова, подобро да се надева дека Господ е вистински“, се дел од коментарите.

Истражувањето спроведено меѓу родители на деца на возраст меѓу 5 и 11 години покажува дека 57 отсто од старателите веруваат дека знаат на кои страници пристапуваат нивните деца, додека 37 отсто велат дека се во тоа „прилично сигурни“.

detemajkaгуглИнтернет