Снус потекнува од Шведска, каде што е популарен долго време, а често се рекламира како помалку штетна алтернатива за пушењето, бидејќи не произведува чад и не бара вдишување на никотин преку белите дробови.
Снус се прави од мелен тутун, сол и вода, а може да се ароматизира со различни вкусови. Корисниците обично го пакуваат во мали кесички, слично на кесичките чај, кои ги ставаат под горната или долната усна.
Никотинските кесички, познати како снус, стануваат сè попопуларни, особено кај помладите генерации.
Како нова мода, снус почна масовно да се користи уште во 2020 година, кога стана популарен меѓу средношколците.
Теоријата на средношколците е дека е тоа начин да ги заменат цигарите со снус кесички, кои би ги „џвакале“ и наводно на здрав начин би го избегнувале пушењето цигари.
Снусот би го сместиле меѓу усните и непцата, а тоа би предизвикало чувство на релаксација, бидејќи никотинот преку слузницата на образите би се апсорбирал во крвотокот, од каде понатаму би стигнал до мозокот.
Повеќето од нив, префрлајќи се на употребата на снус, повраќале првиот пат по неговото конзумирање, но продолжиле бидејќи тоа се сметало за неопходен чекор кон адаптација на новиот производ.
Дали снус е дрога и дали содржи никотин?
Иако медиумите го означуваат „снус“ како нов вид на дрога што се појави во училиштата, овие кесички сè уште не можат да се класифицираат во таа категорија.
Имено, тие се прилично слични на цигарите, бидејќи на сличен начин создаваат зависност од никотин кај луѓето кои ги консумираат.
Исто како и цигарите, снус обезбедува чувство на релаксација и ја зголемува концентрацијата, подобрувајќи го расположението.
Мнозинството луѓе, кои веруваат дека користењето снус е поздрава опција од пушењето цигари, наведуваат дека има помалку никотин како прва причина за тоа.
Сепак, тоа е погрешно, бидејќи во кесичките снус има тутун како билка, што ги прави многу посилни во однос на никотинот од обичната цигара.
Снус како нова мода
Причината за масовната популарност што снус ја ужива кај тинејџерите се и примамливите варијанти на овој производ. Слично како популарниот вајп, вкусовите на снус може да варираат од мента до ликер.
Дополнителен проблем е што цената на овој производ е многу прифатлива, производот е достапен на Интернет, а има страници на Инстаграм и Фејсбук кои исклучиво се занимаваат со продажба на овие никотински кесички.
Здравствени опасности
Снус на прв поглед изгледа сосема безопасно, како кесички чај.
Со оглед на тоа дека се џвака, застапниците на овој начин на консумирање на никотин сметаат дека ефектот на снус е поповолен од ефектот на цигарите, бидејќи чадот не се вовлекува во белите дробови.
Сепак, работите не се толку едноставни. Без разлика што снусот е без чад и не влијае директно на белите дробови, може да предизвика оштетување на други органи, пред сѐ, на усната шуплина. Дополнително, по долготрајна употреба, снусот може да предизвика рак на грлото, ждрелото, желудникот и панкреасот, а поради високата концентрација на никотин е опасен и за кардиоваскуларниот систем.
Иако снусот не е дрога, ефектите од овие кесички се многу штетни и затоа не можат да се сметаат за здрава варијанта на внесување на никотин.
Во кои земји е легален снус?
Европската унија ја забрани продажбата на снус поради негативните последици што може да ги има врз здравјето, како и поради тоа што предизвикува зависност од никотин.
И покрај тоа, продажбата на кесички снус во Шведска е целосно легална и тоа, без етикети за штетноста на овој производ.
Исто така, земјите кои успеале да ја избегнат забраната се Унгарија, Естонија и Данска.
Од друга страна, Канада воведе високи даноци за овој производ, со цел да го демотивира општеството да го користи.
Во Норвешка, снус е најчестиот облик на тутун, а многу видови на снус се перципираат како замена за пушењето цигари.