Дали таткото треба да спие во друга соба кога ќе дојде бебето?

Полека но сигурно пристигнува моментот на финалната средба.

Вие, вашиот партнер и вашето бебе наскоро ќе станете семејство.

Но, како што ќе ви каже секое ново семејство, не е сè толку едноставно како што може да изгледа на почетокот.

Една од најомилените теми меѓу новите родители е – погодувате – спиењето.

Има безброј прашања на оваа тема.

Каде треба да спие бебето? Колку долго треба да спиe? Која е најмалата количина на сон со која човек може да функционира?

Сепак, помалку истражено прашање е дали вие и вашиот партнер треба да спиете одвоено откако ќе дојде бебето.

Вистината е дека не постои погрешен или точен одговор.

Прашањето и одлуката за спиењето на партнерот во друга соба зависи целосно од вас двајца. Меѓутоа, доколку се двоумите, еве одредени предности и недостатоци кои ќе ви помогнат полесно да се одлучите за понатамошните чекори.

Како да се донесе одлука?

Секоја одлука носи потенцијални предности и недостатоци.

Подолу, наведовме некои работи што треба да ги земете предвид пред вие и вашиот партнер да се впуштите во храбриот нов режим на спиење штом ќе пристигне бебето.

Можни придобивки

Одделното спиење не е невообичаена одлука.

Како прво, не, не е „чудно“ или „нездраво“ вие и вашиот партнер да спиете во посебни соби кога ќе дојде бебето.

Имено, иако можеби ви звучи чудно, реалноста е дека многу новопечени семејства се одлучуваат на тоа.

Доаѓањето на бебе во вашиот живот за прв пат ќе промени многу работи, а начинот на кој спиете без сомнение ќе биде една од нив.

За жал, бебињата не се раѓаат знаејќи ја разликата помеѓу денот и ноќта.

Вие и вашиот партнер ќе најдете начини да се прилагодите на вашата нова рутина за да спиете што е можно повеќе.

И ако тоа значи спиење во посебни соби, сѐ додека тоа е од корист за вас и вашиот партнер и вашето бебе, навистина нема за што да се грижите!

Партнерот ќе спие повеќе

Едноставно е вистина. Спиењето во друга соба значи дека вашиот партнер ќе има поголеми шанси за непрекинат сон, а со тоа и подобар квалитет на одмор.

А ако се претпостави дека е на работа во текот на денот, тоа може позитивно да влијае на неговата продуктивност на работа, особено ако оди на работа рано наутро.

Од друга страна, тој ќе има многу повеќе енергија кога се во прашање вашите и потребите на бебето и ќе може да ви помогне со вообичаените обврски дома.

Мајката и бебето можат да го усогласат спиењето

Сега сигурно размислувате: „Но, што е со мојот сон?!“.

Прилагодувањето на вашата рутина на шемата за спиење на вашето дете веројатно ќе резултира со подобар одмор и за вас.

А ако вашиот партнер работи со полно работно време, спиењето во друга соба и за него ќе значи повеќе одмор.

Особено ако вашето бебе е поактивно во текот на ноќта.

На тој начин, вие и бебето можете да спиете кога ви треба, без да се грижите дали ќе ја нарушите рутината на вашиот партнер.

Можни недостатоци

Дали одвоеното спиење ќе ја намали одговорноста и вклученоста на мојот партнер?

Доцните ноќни хранења и потребата за гушкање се само некои од причините зошто на вашето бебе секогаш ќе му треба некој во близина.

И ако вашиот партнер спие во другата соба тоа може да резултира со чувство на недостаток на одговорност или учество, особено ако тој работи поголемиот дел од денот.

Спиењето заедно и будењето на смени може да значи дека вие и вашиот партнер се чувствувате повеќе како тим, наместо да бидете одговорни единствено вие.

И иако ова може да значи помалку сон и двајца уморни родители, вие и вашиот партнер веројатно ќе се чувствувате во најмала рака – повеќе обединети.

Спиењето одвоено може (негативно) да влијае на емоционалната интимност

Дали одвоеното спиење значи дека вие и вашиот партнер ќе се разделите емоционално, како и физички?

Не мора да значи.

Но, одредени написи сугерираат дека паровите кои спијат заедно почесто комуницираат, доживуваат поголема интимност и генерално се чувствуваат емотивно повеќе поврзани од паровите кои не спијат заедно.

Со доаѓањето на бебето, комуникацијата и емоционалната поддршка се клучни, а новиот додаток во вашите животи треба да ве зближи, а не да ве раздели.

Раздвоеното спиење може да носи одредени ризици, особено ако вие и вашиот партнер не се гледате многу во текот на денот поради работа.

бебеспиењетатко