Одлуката за развод не е лесно да се донесе, а некои избираат да останат во брак, дури и ако се незадоволни, само поради децата. Сепак, дали таквите деца се среќни? На Редит имаше дискусија на оваа тема откако еден човек ја објави својата исповед.
Поради друга жена размислува за развод, а повеќето му велат дека треба да го спаси бракот заради заедничкото дете.
„Дали останувањето во брак од кој нема ништо, само за да може детето да живее заедно мама и тато иако и двајцата се несреќни е подобро од разведените родители кои секој сам за себе си го живеат својот живот и учествуваат подеднакво во животот на детето“, прашува тој по низата непријатни реакции.
Одговорите ги понудиле возрасните чии родители се развеле кога тие биле деца.
„Децата на разведени родители имаат добри шанси за ментално здравје, доколку родителите останат во нормална врска. Јас сум едно од тие деца“, коментира еден.
„Подобро е детето со двајца среќни одвоени родители отколку несреќни заедно“
„Како дете од таков брак, можам само да препорачам да се разведете што е можно поскоро“, додава друг.
„Дефинитивно ќе биде подобро за детето ако има двајца среќни одвоени родители, отколку несреќни заедно. На крајот на краиштата, тој ќе си замине еден ден, а вие ќе сфатите дека сте ги поминале најубавите години со личност која не ја сакате“, вели трет.
„Како дете од проблематичен брак, а воедно и причина заради која е тој воопшто и склопен, посакувам да се разделеа барем дваесет години порано или никогаш да не се ни венчале. И да немаа после мене уште две деца (да се разбереме, ги сакам до небото и назад), што дополнително ја комплицираше работата секогаш кога беа на работ на разделба, тие секогаш остануваа заедно само поради нас децата оставени со доживотни трауми од нивното (особено она на мајка ми), ултра токсично однесување, од кое дел продолжува и денес, иако сите живееме на различни адреси“, напишало четврто лице.
„Како дете зачнато во обид да се спаси бракот, не дозволувајте децата да страдаат ако не се согласувате“, вели петтиот.
„Да се остане во нефункционален брак заради децата е најлошото нешто што можеме да им го направиме на децата“
„Да се остане во нефункционален брак заради децата е најлошото нешто што можете да им го направите. Децата можеби се деца, но не се глупави и многу брзо почнуваат да сфаќаат дека нешто не е во ред, без разлика колку родителите се обидуваат да го скријат тоа, како дете на разведени родители, можам да кажам дека брат ми заработи трауми кои го следат до ден-денес затоа што видел и слушнал некои работи што не би требало и тоа оставило трага на него дури и во неговите 30-ти. Кога имав 11 месеци, мајка ми ја донесе најдобрата одлука што можеше да ја донесе и се разведе, на моја среќа, нејзина и на мојот брат“, вели друг.
Се огласија и луѓе кои биле соочени со истата дилема како авторот на објавата.
„Како некој што излегол од брак во кој и двајцата бевме несреќни, искрено можам да кажам дека останувањето во каква било врска што ве прави несреќен е полошо за децата отколку да се разделите. Моето дете моментално има двајца родители кои не се караат пред него, живее во здрава средина со еден родител, а другиот е секога тука“, вели уште еден корисник на Reddit.
„Јас се разведов. Дали беше лесно? Не беше“.
„Разведена сум, со бившиот сум во коректна врска и мислам дека како родители одлично се сложуваме. Не сме пријатели, едноставно така е подобро и поздраво, но имаме еден вид пријателски однос. Не може да бидеш добар родител/татко ако не си подготвен да се вклучиш за еден куп практични работи и ако трошиш пари себично на себе, а не на децата и домаќинството во кое живеат“, вели друг маж.
Што мислите вие на оваа тема?