Дали знаете на колку месеци бебето почнува да го препознава своето име?

Многу родители со нетрпение го чекаат моментот кога нивното бебе ќе почне да одговара на сопственото име. Иако бебињата препознаваат звуци од првите месеци од животот, експертите велат дека првиот момент кога бебето го препознава своето име обично се случува помеѓу 8-миот и 10-тиот месец од животот.

Кај некои тоа може да се случи порано, додека кај други може да потрае и до 15-тиот месец.

Како да препознаете дека детето реагира и одговара на своето име?

-Се врти кон изворот на звукот.
-Престанува со она што го прави.
-Одговара на повикот со насмевка или глас.

Како да му помогнете на бебето?

Експертите советуваат што почесто да го употребувате името и да користите топол глас кога му се обраќате. Повторувањето е клучно за учење, но нема потреба да се грижите ако вашето бебе не реагира веднаш.

Развојот на говорот и разбирањето се индивидуални, па затоа е важно да го следите напредокот и да се консултирате со педијатар доколку сте загрижени.

Трпението е важно – секое бебе има свој ритам што го следи и со кој напредува и нема смисла сето тоа да се забрзува.